Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, вчера отворено зборуваше и за пречекот кој го доби на „Олд Трафорд“ за време на дуелот со Манчестер Ј. при неговото прво враќање на овој стадион по заминувањето од кормилото на „црвените ѓаволи“.
„Беше слатко, љубезно, културно – токму како што очекував“, изјави Португалецот.
Специјалниот беше предводник на Манчестер Ј. во периодот од 2016 до 2018 година, но по лошите резултати минатата сезона доби отказ.

