Големата sвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, не смета дека Лео Меси ја добил трката за „Златната топка“, со тоа што годинава ја освои по 6-ти пат и го остави зад себе со пет трофеи.
За Португалецот, сепак, ова не изгледа како проблем.
„Заврши ривалството меѓу мене и Меси? Не, воопшто. Тоа е само почеток“, рече Роналдо, кој остана само трет во годинешниот избор и не присуствуваше на церемонијата.
Роналдо наполни 34 години во февруари и, според некои аналитичари, неговата форма започна драматично да опаѓа. Од почетокот на сезоната, тој има седум гола на 16 одиграни натпревари за Јувентус. Меси има 11 гола и одигра два меча помалку од Португалецот.