Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Првиот човек на ФФМ на средба со претседателот на ФИФА
    Фудбал

    Првиот човек на ФФМ на средба со претседателот на ФИФА

    sasoBy saso05/12/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини оствари официјална средба со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино во седиштето на Светската фудбалска асоцијација во Цирих.

    „Благодарност до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за срдечниот прием и поддршката со која уште еднаш потврдуваме дека ФИФА е цврст партнер на ФФМ и продолжува да ја поддржува нашата фудбалска стратегија. ФИФА и претседателот Инфантино многупати досега ја искажуваа својата поддршка за Фудбалската федерација на Македонија и затоа цврсто веруваме во стратегијата и мисијата на ФИФА под водство на г. Инфантино. ФФМ ќе продолжи да дава придонес за идеите, сегашните и идните проекти на ФИФА кои секогаш се усмерени кон развој на фудбалот”, се вели во изјавата на првиот човек на македонскиот фудбал.

    „Разговаравме за македонскиот фудбал и проектите кои се насочени за негов развој. Ги потенциравме нашите заложби за подобрување на инфраструктурата, зголемување на фудбалската база и континуираното вложување во академиите и националните тимови. Кога ќе погледнеме наназад, гледаме и грешки – каде што се луѓето, секогаш ќе се случуваат и грешки, но најважно е да учиме од нив. Она што без двоумење можам да го кажам е тоа што секој чекор кој ФФМ го направи во изминатата година е воден со чесна намера и во правец на развој на фудбалот. И тоа во разговорот му го кажав на г. Инфантино. Се разбира, голема помош добиваме од ФИФА, посебно преку програмата FIFA Forward, преку која вложуваме во развој на фудбалот. Мене ми е драго што и малите федерации, како нашата се повикани да го кажат своето мислење и сугурен сум дека можеме да најдеме решение кое ќе биде добро за сите, а претседателот Инфантино покажува дека знае да пронајде вистинска рамнотежа”, дополни Сејдини.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.