Младиот крилен напаѓач на Барселона, Ансу Фати, потпиша нов договор со клубот за подобрени услови и екстремно висока клаузула за евентуално заминување од клубот.
Договорот за Фати е до летото 2022 година со можност за продолжување за уште две сезони. Во исто време, неговата клаузула се зголеми од 100 на 170 милиони евра.
Износот на надоместокот ќе се зголеми и на 400 милиони евра кога 17-годишниот Фати ќе потпише професионален договор со клубот како полноправен член на првиот тим.
Фати го направи своето деби за Барселона оваа сезона и веќе има два гола и асистенција на 11 натпревари за каталонците.

