По вчерашната тесна победа над Нови Пазар во 10. Коло од АБА2 лигата, тренерот на МЗТ Скопје А., Ѓорѓи Кочов, посочи дека оваа победа дојде во клучен момент за тимот.
„Ова беше навистина тежок натпревар во кој се виде дека емотивно сме испразнети. Ама добро е што имаше среќен крај за нас, ова е триумф кој многу ни значи. Честитки до моите играчи кои и во ваков ден на противникот успеаа да го сочуваат домашниот терен. Честитки и до противникот за фантастичната борбеност“, истакна тренерот на „металците“, Ѓорѓи Кочов.

