Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во финалето на ИТФ Фјучерсот во Анталија успеа да ја совлада финската тенисерка Орпана со 2:1 (6:4, 6:7, 6:1) и успеа да дојде до нов трофеј во својата кариера. Турнирот се играше за награден фонд од 15.000 долари.
Author: saso
Во реприза на ланското финале од ЛШ, ракометарите на Вардар попладнево во СЦ „Јане Сандански“ (17 часот) го играат мечот со Веспрем во новото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Ситуацијата во Вардар е далеку од идеална, а и последните порази во ова натпреварување тоа го потврдуваат. Играчките проблеми си го направија своето, па останува да се види како денеска момците на Кокшаров ќе му се спротивстават на големиот фаворит. На денешниот меч, европскиот првак ќе биде без Кристијан Дисингер кој имаше операција и сега му следува пауза од 4-5 месеци, но најавено е враќање на Даинис Криштопанс,…
По денешната ждрепка во Букурешт, стана јаснод ека доколку нашата фудбалска репрезентација успее да го помине баражот во Лигата на Нацио, следната година на Европското фудбалско првенство ќе биде во група со Холандија, Украина и добро познатиот ривал Австрија. Ова се едни од најкомплексните и уникатни квалификации за ЕУРО, а ќе учествуваат 24 репрезентации од кои 20 се пласираа преку нормалните квалификации, а останатите четири места ќе ги заземат националните тимови победници во баражите на Лигата на нациите. Македонија во полуфиналето на плеј-офот во Лигата на нации во март следната година ќе игра со Косово, а ако победиме одиме на…
Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 68. позиција на ФИФА листата. По ноемвриските квалификациски дуели со Австрија и Израел, освоивме три нови бодови во контото, кои не ни донесоа промена на пласманот. За нашата селекција ова беше последна шанса за бодови на листата во 2019 година, со оглед на тоа што нема повеќе натпревари. На врвот немаше промени во првите пет екипи, а Хрватска ја помина Португалија и ја презеде шестата позиција.
Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, стана само четвртиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој во својта кариера успеал да уфрли на 33.000 кошеви. Синоќа со фантастичната партија на средбата против Њу Орлеанс и 29-те поени, Леброн успеа да ја мине оваа магична граница. Во историјата на НБА лигата, досега вакво постигнување имаат само уште тројца кошаркари. Прв на листата е легендата Карим Абдул-Џабар кој кариерата ја зварши со 38.387 поени, втор е Карл Мелоун со 36.928 поени, а трет е уште еден поранешен суперстар на ЛА Лејкерс, Коби Брајант со 33.643 поени.
Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери е разочаран од моменталната состојба во клубот, но најави дека чувствува поддршка од раководството на тимот. Последниве денови, се шпекулира дека тој ќе биде отпуштен, а фаворит за функцијата е Нуно Еспирито Санто, кој одлично го водеше Волфс. „Клубот ме поддржува. Јас ја чувствувам оваа поддршка и тоа ме мотивира. Јас навистина го ценам ова многу“, изјавил Емери за англиските медиуми. „Треба да ја вратиме довербата и да постигнеме добар баланс. Да бидеме покомпактни. Исто така, имаме многу добри играчи, но сега тие играат без самодоверба, затоа и нема резултати во последно време”, дополнил шпанскиот…
Големата sвезда во нападот на Челси, Тами Абрахам се надева дека неговата повреда нема да биде толку тешка и тој ќе може наскоро да се врати на терените. Тој с еповреди синоќа на гостувањето во Валенсија. „Да бидам искрен, болката во почетокот беше ужасна и размислував за најлошото, но потоа почна да се намалува и се чувствувам малку подобро. Имам преглед и се надевам дека повредата не е тешка”, изјавил младиот голгетер на лондончани.
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, постигна уште еден рекорд во Лигата на шампионите. Синоќа, аргентинскиот репрезентативец погоди во мрежата на Борусија Дортмунд, а токму овој гол му даде уште една екипа во неговото портфолио на тимови против кои успеал да постигне гол во Лигата на шампионите. „Милионерите“ станаа 34-тата екипа против која Меси погодил во ЛШ. Тоа досега не му успеало на ниту еден друг фудбалер. Дуелот во Лигата на шампионите беше број 700 за Лионел Меси во дресот на Каталонците.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше целосно незадоволен од ремито 1:1 против Наполи во Лигата на шампионите. Во пракса, ова значи дека за „црвените“ сè ќе зависи од последниот натпревар против Салцбург во Австрија и тимот нема право да загуби доколку сака да се квалификува за осминафиналето. „Искрено, јас воопшто не планирав вакво сценарио. Во оваа екипа сум 4 години и никогаш не било лесно. Ова беше многу тежок натпревар, кој реално можевме да го победиме, но на крајот не успеавме да го сториме тоа и сега треба да одиме во Австрија со надеж за успех. Во моментов, мојот проблем…
Искусниот италијански стратег, Марчело Липи верува дека Интер е единствениот тим кој може да ја направи Серија А „поинтересна“, но сепак очекува Маурицио Сари да го одведе Јувентус до нова титула. Јуве и Интер и во саботата ги освоија бодовите против Аталанта и Торино и останаа раздвоени со само еден бод по 13 одиграни натпревари. Липи, кој беше тренер и на двата тима, сепак, му дава предност на Јуве во однос на Интер. „Во август мислев дека три екипи ќе бидат вклучени во трката за титулата, но Наполи заостана и ќе им биде тешко да се вратат. Анчелоти е многу…
