За менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, синоќашната победа во градското дерби со Евертон беше 100-тата победа во Премиер лигата. На 52-годишниот германски специјалист за да дојде до ова постигнување му беа потребни 159 натпревари.
Ова е втор најдобар тренерски резултат во историјата на лигата. Побрзо до 100 победи во Англија стигна само Мурињо, кому му требаа 142 меча за да дојде до оваа бројка.
Јирген Клоп го надминаа клупскиот рекорд по бројот на средби без пораз во англискиот шампионат. Победничката серија на составот од Мерсисајд во Премиерлигата е 32 натпревари (27 победи, 5 нерешени).