Светската антидопинг агенција (ВАДА) изрече драстична казна за сите руски спортисти. Според последната информација објавена денеска, Русија доби четиригодишна забрана за настап на сите големи спортски настани поради непочитување на протоколот за антидопинг. Тоа значи дека руското знаме и химната нема да бидат дозволени на настани како што се Олимписките игри во Токио 2020, но и на Светското првенство во фудбал 2022 година во Катар. Спортистите кои можат да докажат дека не се дел од скандалот со допинг, ќе можат да се натпреваруваат под неутрално знаме. Извршниот комитет на ВАДА донесе едногласна одлука на состанокот во Лозана, Швајцарија. Одлуката доаѓа…
Author: saso
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, искрено призна дека шансите за неговиот тим да ја одбрани титулата во Премиер лигата оваа сезона се минимални. По последниот пораз на градското дерби со Манчестер Ј. и победата на Ливерпул против Бурнмаут, разликата меѓу двата најголеми ривали за трофејот во Англија е веќе 14 бода. „Нереално е да го стигнеме Ливерпул. Секако тоа не значи дека се предаваме. Наша должност е да продолжиме да се бориме. Има уште многу работи за кои треба да се бориме. Тешко е да бркате противникот кој има 15 победи во 16 меча. Тоа е неверојатна серија“, изјави…
Бразилскиот клуб Крузеиро за првпат во својата историја испадна од фудбалската елита во Бразил. Двократниот освојувач на трофејот во Копа Либертадорес, четирикратен шампион на Бразил и шесткратен победник на Купот на Бразил, следната година ќе игра во втората лига, откако синоќа загуби од Палмеирас со 2:0 во последното коло на бразилската Серија А. Ова значеше дека за првпат во 99-годишната историја на Крузеиро, клубот ќе испадне од елитата. Овој факт доведе до немири на трибините на стадионот, но и надвор од него. Cenas lamentáveis no Mineirão! Muitas bombas e correria nas arquibancadas após o rebaixamento do Cruzeiro. pic.twitter.com/eopKHY79fJ — Esporte…
Напаѓачот на Лестер Сити, Џејми Варди, постигна два гола на вчерашниот натпревар од 16. коло од англиската Премиер лига на гости кај Астон Вила и се доближи до повторување на сопствениот рекорд. Имено, англискиот напаѓач постигна гол на осум последователни натпревари во Премиер лигата оваа сезона и полека се доближи до сопствениот рекорд од сезоната 2015/16 кога успеа да погоди на 11 последователни натпревари. Тој тогаш го собори рекордот за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Руд Ван Нистелрој. Само тројца играчи досега успеале да постигнат гол на осум или повеќе последователни натпревари, а меѓу нив покрај Варди и Ван Нистелрој е…
Браќата Аљоша и Дејан Недеви го освоија трето место во дисциплината ен-бу на ИТКФ Светскиот шампионат во Куритиба, Бразил кој се одржа од 6-8 декември. Дејан Недев во дисциплината фукуго го освои 4. место и за влакно му избега финалето, а во борба за бронзен медал беше оштетен од судиите и на крајот остана без медал. На годинешниот светски шампионат во традиционално карате учествуваа 32 земји со над 400 натпреварувачи од целиот свет.
Словенечкиот кошаркарски ас, Лука Дончиќ, ја прекина победничката низа со Далас. На домашен терен, по возбудливата завршница, Маверикс синоќа останаа со празни раце, откако Сакраменто успеа да ги надигра совладувјќи ги со 106:110. Неверојатниот Дончиќ одигра прилично лошо прво полувреме, како и остатокот од тимот, па Сакраменто успеа да направи двоцифрена разлика која умешно јаодржа до крајот на мечот. Словенецот средбата ја заврши со 27 поени, 8 асистенции и 7 скокови, но го собори рекордот на Мајкл Џордан во број на последователни натпревари со ефект од најмалку 20 поени, 5 скока и 5 асистенции. Тој со синоќешните бројки стана првиот…
Шпанската фудбалска легенда, Давид Виља, и официјално стави крај на својата богата играчка кариера. Фудбалерот кој долго време беше еден од најдобрите шпански напаѓачи, се прости од активното играње фудбал со еден гол на својот последен натпревар. На дуелот меѓу екипите на Висел Кобе и Џубило Ивата, Виља постигна еден од четирите гола за својот тим со кој Кобе славеше со 4.1.
Финалето на светското клупско првество нема да се игра на стадионот Education City Stadium во Доха, објави ФИФА. Новоизградениот стадион Доха, каде требаше да се одигра финалниот меч, сè уште не е лиценциран и нема да може да биде домаќин на натпреварот. Изградбата на објектот е завршена, но постапката за прием траеше подолго. Отворањето на стадионот е одложено до почетокот на 2020 година. Поради оваа причина, финалето и мечот за третото место ќе се одиграат на стадионот Калифа во Доха.
Реал Мадрид е заинтересиран да го потпише напаѓачот на лондонски Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг. „Кралскиот клуб“ планира да испрати понуда за Габонецот во зимскиот преоден рок. Во исто време, Реал е подготвен да го вклучи во евентуалниот трансфер напаѓачот Лука Јовиќ, кој минато лето дојде на „Сантијаго Бернабеу“ од Ајнтрахт за 60 милиони евра. Договорот на Обамејанг со Арсенал е до летото 2021 година.
Ватфорд и официјално го објави името на новиот менаџер на тимот. Станува збор за Најџел Пирсон, кој ги презема „стршлените“ со договор до крајот на сезоната. Стратегот ќе го замени Кике Санчез Флорес, кој беше отпуштен пред околу една недела, откако беше поразен на мечот со Саутемптон со 1:2. Пирсон е некогашен менаџер на Саутемптон и Лестер, кој последните две сезони ги помина како тренер на белгискиот второлигаш Лувен.
