Author: saso

Евертон и официјално го назначи Карло Анчелоти за свој менаџер со договор на четири и пол години. Италијанецот, кој беше разрешен од Наполи на почетокот од овој месец, го наследи Марко Силва, кој беше разрешен, пак, од „Гудисон Парк“ на 6 декември. Анчелоти, трикратен освојувач на Лигата на шампионите, се враќа во англискиот фудбал осум и пол години подоцна, откако беше разрешен од функцијата, менаџер на Челзи.

Read More

Фиорентина го отпушти Винченцо Монтела, По синоќешниот пораз од 4-1 на домашен пораз од Рома, управата на клубот утрово реши да му го врачи отказот на некогашниот италијански репрезентативец. Засега не се знае кој ќе биде негов наследник, а од клубот најавија дека ќе почекаат пред да одлучат. Одлуката беше неизбежна, бидејќи Монтела загуби 13 од вкупно 24-те натпревари во Серија А откако с еврати на кормилото на клубот. „Фиорентина објавува дека Винченцо Монтела е ослободен од должностите како главен тренер на првиот тим“, се вели во соопштението испратено денеска од клубот.

Read More

Легендарниот голман на италијанскиот шампион Јувентус, Џанлуиџи Буфон не размислува да се откаже од фудбалот и планира да го обнови својот договор со Јуве за уште една сезона, до 2021 година. Вечерва, 41-годишниот голман се очекува да игра за Јуве против Сампдорија и да го израмни рекордот на Паоло Малдини од 647 натпревари во Серија А. Тековниот договор на Буфон истекува во јуни, но и раководството на Јуве сака да го задржи голманот за уште една сезона.

Read More

Играчот за врска на австриски Салцбург, Такуми Минамино, пристигна во Ливерпул каде денеска ќе биде подложен на лекарски прегледи, по што и официјално ќе може да потпише договор со европскиот шампион. Според информацијата на „Ливерпул Ехо“, „црвените“ се согласиле да ја активираат клаузулата за раскин на договорот на Јапонецот со неговиот сегашен клуб во висина од 7,25 милиони фунти. Доколку не се појавт проблеми при прегледите, 24-годишниот фудбалер се очекува да го заврши трансферот на првиот ден од новата година. Првиот натпревар на кој тој би можел да игра би бил дуелот од 3. коло на ФА Купот на домашен…

Read More
NBA

Индијана му го нанесе четвртиот пораз сезонава на тимот на ЛА Лејкерс во еден од најинтересните натпревари одиграни синоќа. Пејсерс славеа со 105-102 благодарение на извонредниот настап на Домантас Сабонис. Тој постигна 26 поени и направи 10 скока и 4 асистенции. Кај поразените Леброн Џејмс постинга 20 поени. Градските ривали на „езерџиите“, Лос Анџелес Клиперс славеа пред своја публика на средбата со Феникс Санс со 120:99 по што останаа на втората позиција на западот. Најпродуктивен играч на натпреварот беше Пол Џорџ кој имаше 24 поени, 3 скока и 1 асистенција. Неговиот партнер Каваи Леонард постигна 20 поени. НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот…

Read More

Лерој Сане нема намера да остане во Манчестер Сити ниту ден по Нова година и според сите информации од Германија, тој во јануари ќе стане нов фудбалер на Баерн (М). Фудбалерот отворено им кажал на раководните луѓе на „Етихад“ дека сака трансфер. Постои опција во која германскиот крилен играч може да го напушти клубот веќе во претстојниот зимски трансфер прозорец. Но раководството на Баварците мора да одлучи дали има смисла да го донес еуште сега, затоа што тој е повреден и до февруари ќе биде надвор од тренажен процес. Сегашниот договор на 23-годишниот фудбалер со Манчестер Сити важи до 2021…

Read More

Џенова, наводно, започнала разговори за враќање на голманот на Јувентус, Матија Перин веќе следниот месец. Според извори блиски на клубот, преговорите се „во тек“, откако во Џенова бараат замена за Јонут Раду, кој очигледно не е во форма. 27-годишниот Перин замина во Јуве летото 2018 година како идна замена за Буфон, но се чини никогаш не ја доби вистинската шанса. Тој одигра само девет натпревари минатата сезона.

Read More

Марио Гетце по се изгледа го заврши својот престој во Борусија (Д). Според последните информации од Германија, фудбалерот кој не игра голема улога во составот на „милионерите“ се подготвува за трансфер во екипата на Херта. Неговиот договор со Дортмунд истекува во јуни, а тој уште оваа зима би можел да се пресели во Берлин. Багодарение на договорот со инвеститорот, клубот од главниот град ги има потребните ресурси за да направи поголеми трансфери. Од Херта веќе почнале разговори со Марио Гетце, па во првите денови до 2020-тата би можело да се очекува потврда на соработката.

Read More

Повредата која ја заработи Калиду Кулибали при поразот од Парма во последното коло од Серија А е посериозна, соопштија италијанските медиуми. Одбранбениот играч се лизна при првиот гол на гостите, па доби повреда на грбот која ќе го оддалечи од терените најмалку еден месец. Во тој период новиот менаџер Гатузо ќе мора да игра без Кулибали, против Сасуоло, лидерот Интер, Лацио и најверојатно дуелот од Купот на Италија против Перуџа.

Read More

Во пресрет на големото дерби утре меѓу Барселона и Реал Мадрид,  безбедносните сили во каталонската престолнина се очекува да преземат сериозни мерки за да обезбедат максимална безбедност на екипите. Пријавено е дека двата тима ќе бидат сместени во ист хотел пред натпреварот, но во различни крила, што значи дека и двата тима ќе патувајќи околу 600 метри до Камп Ноу, во автобуси без карактеристичните симболи и бои на клубовите. Домаќините предвидоа двата тима и судиите да пристигнат на стадионот најмалку 2 часа пред почетокот на натпреварот или околу 18 часот по локално време за да се намали ризикот од неочекувани…

Read More