Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер постави нов рекорд во Бундеслигата. 30-годишниот фудбалер оствари 11 асистенции во првиот дел од сезоната, со што успеа да го собори досегашниот бундеслигашки рекорд. Интересно е да се знае дека Милер до ова постигнување стигна со само 11 натпревари како стартер за баварците. Рекордот за најмногу асистенции во една сезона се уште го држи актуелниот фудбалер на Манчестер Сити, Кевин Де Бруине.
Author: saso
Атлетико Мадрид постигна договор со Единсон Кавани. Уругвајскиот напаѓач кој го завршува договорот со ПСЖ ова лето веќе одлучи да си замине од Париз, а следна дестинација ќе биде Шпанија. Во јануари тој ќе може да преговара со кој било клуб, а очигледно тоа е веќе направено. Напаѓачот постигнал договор за соработка од три години. Лично, тренерот на „јорганзџиите“ Диего Симеоне го посака напаѓачот во својот тим, истакнувајќи дека тој е големо засилување какво што му треба на Атлетико во моментов. Уругваецот претходно беше поврзуван со ЛА Галакси како евентуална замена за Златан Ибрахимовиќ.
Играчот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал, сака да го напушти тимот, откако беше незадоволен од својата позиција во првиот дел од сезоната. Сепак, според информациите од Каталонија, тренерот на клубот Ернесто Валверде нема да му дозволи на играчот да замине барем не до крајот на оваа сезона. Валверде е подготвен да ја зголеми минутажата која ќе му ја даде на Чилеанецот во продолжението на сезоната. Видал, пак, сака да се врати во Италија, каде се зборува дека ќе добие понуда од италијански Интер.
По вчерашниот пораз од Лацио во рамките на Суперкупот на Италија, тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, изјави дека овој пораз не смее да повлијае на остатокот од сезоната за неговиот тим. „Навистина ми е жал што не успеавме да го освоиме трофејот, но сепак имаме 5 месеци да играме и на многу други турнири на кои учествуваме. Ова нема да влијае на сезоната, солзите нема да го решат проблемот. Немавме свежина во играта и мора да ги надминеме овие потешкотии“, коментирал Сари.
Лос Анџелес Лејкерс загубија убедливо од Денвер со 128:104 во меч на домашен терен во НБА лигата синоќа. Без Леброн Џејмс, „езерџиите“ не можеа да му се спротивстават на еден од главните ривали на Западот. Денвер одигра одличен меч во кој Пол Милсап заврши како најдобар реализатор со 21 поен. Вил Бартон постигна дабл-дабл ефект со 14 поени и 12 скока. Кај домашните, Ентони Дејвис, имаше дабл-дабл од 32 поени и 11 скокови. Интересно, за Лејкерс ова е трет пораз по ред. Денвер, пак, дојде до шестата последователна победа. Феноменален пресврт направи Торонто во дуелот со Далас. Иако шампионот беше…
Со пресврт во последните секунди од мечот, синоќа Наполи ја оствари првата победа под палната на Џенаро Гатузо. По победата од 2:1, новиот стратег на наполитанците предупреди дека Наполи се уште не е „излекуван“ по долгата серија лоши настапи. „Сè уште не сме задоволни, не сме победиле два месеци. Ова е мала помош, бидејќи знаев дека не можеме да се поправиме преку ноќ, но ова е силен тим и почнуваме да гледаме нешто поразлично“, вели Гатузо. Запрашан за пресметката во февруари во Лигата на шампионите со Барселона, Гатузо изјавил: „Барселона е далеку. Знаеме дека тоа ќе биде борба против многу…
Кристијано Роналдо го загуби првото Куп финале по повеќе од седум години, откако Јувентус вчера капитулираше пред Лацио во завршниот меч од Суперкупот. Ова беше прв пораз на ваков меч за Португалецот од 2013 година. Суперѕвездата на Јувентус веднаш го извади сребрениот медал од вратот и се врати директно во соблекувалната, не чекајќи да го види Лацио како го крева прхарот. Последен пат кога Роналдо загуби од финале беше на 17 мај 2013 година, кога Реал Мадрид во дополнителното време беше совладан со 2:1 од локалниот ривал Атлетико Мадрид.
Со присуство на 92 од 128. делегати на Собранието, Македонскиот олимписки комитет денеска се преименува во Олимписки комитет на Северна Македонија. Денеска најжешката тема беше околу промената на Статутот на олимпискиот комитет според кој во иднина мнозинството на гласови ќе го имаат олимписките спортови. Во иднина Собранието на МОК ќе има 53 члена, од кои 29 се од олимписките спортови, а 24 се индивидувалци. За во април е закажано ново Собрание, а според најавите, промена на претседателското место нема да има до завршувањето на ЛОИ во Токио следната година.
Велимир Перасовиќ не е повеќе тренер на екипата на Басконија. Разделбата меѓу него и Баскијците дојде по поразот со 55-77 во шпанското дерби со Реал (Мадрид) претходно одиграно оваа недела во Евролигата. 54-годишниот Хрват му става крај на третиот период како шеф на тимот од Виторија, откако го водеше клубот меѓу 2005 и 2007 година, а потоа и во сезоната 2015/2016. „Благодарен сум за можноста да работам на место кое секогаш ќе биде многу посебно за мене. Фановите секогаш нè поддржуваа – и во добро и во лошо. Јас разбирам дека е потребна промена и сесрдно му посакувам успех на…
Уругвајски Пењарол го назначи Диего Форлан за нов тренер, потврди уругвајскиот клуб. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед го заменува Диего Лопез, чиј договор истекува на крајот на декември 2019 година. Форлан (40) на прес-конференција изјави дека неговиот брат, Пабло, ќе биде еден од неговите помошници во тренерскиот штаб. “Мојата прва работа како тренер ќе биде да севрати на врвот овој клуб со огромни традиции. Секој сонува да работи на толку високо ниво. Не станува збор само за играта, туку станува збор за уживање, анализи и различни перспективи”, изјави Форлан за медиумите.
