По вчерашниот пораз од Лацио во рамките на Суперкупот на Италија, тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, изјави дека овој пораз не смее да повлијае на остатокот од сезоната за неговиот тим.
„Навистина ми е жал што не успеавме да го освоиме трофејот, но сепак имаме 5 месеци да играме и на многу други турнири на кои учествуваме. Ова нема да влијае на сезоната, солзите нема да го решат проблемот. Немавме свежина во играта и мора да ги надминеме овие потешкотии“, коментирал Сари.

