Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер постави нов рекорд во Бундеслигата. 30-годишниот фудбалер оствари 11 асистенции во првиот дел од сезоната, со што успеа да го собори досегашниот бундеслигашки рекорд.
Интересно е да се знае дека Милер до ова постигнување стигна со само 11 натпревари како стартер за баварците.
Рекордот за најмногу асистенции во една сезона се уште го држи актуелниот фудбалер на Манчестер Сити, Кевин Де Бруине.