Со пресврт во последните секунди од мечот, синоќа Наполи ја оствари првата победа под палната на Џенаро Гатузо. По победата од 2:1, новиот стратег на наполитанците предупреди дека Наполи се уште не е „излекуван“ по долгата серија лоши настапи.
„Сè уште не сме задоволни, не сме победиле два месеци. Ова е мала помош, бидејќи знаев дека не можеме да се поправиме преку ноќ, но ова е силен тим и почнуваме да гледаме нешто поразлично“, вели Гатузо.
Запрашан за пресметката во февруари во Лигата на шампионите со Барселона, Гатузо изјавил:
„Барселона е далеку. Знаеме дека тоа ќе биде борба против многу силен противник, но прво да се фокусираме на Лацио, Интер и другите екипи со кои треба да се соочиме пред Барселона“.