Велимир Перасовиќ не е повеќе тренер на екипата на Басконија. Разделбата меѓу него и Баскијците дојде по поразот со 55-77 во шпанското дерби со Реал (Мадрид) претходно одиграно оваа недела во Евролигата. 54-годишниот Хрват му става крај на третиот период како шеф на тимот од Виторија, откако го водеше клубот меѓу 2005 и 2007 година, а потоа и во сезоната 2015/2016.
„Благодарен сум за можноста да работам на место кое секогаш ќе биде многу посебно за мене. Фановите секогаш нè поддржуваа – и во добро и во лошо. Јас разбирам дека е потребна промена и сесрдно му посакувам успех на тимот“, изјавил Перасовиќ.

