Author: saso

По одличните настапи на првите два меча на СП, младиот репрезентативец на Англија, Рубен Лофтус-Чик веќе стана интересен за поголемите европски тимови. Сепак, според информации од неговиот актуелен клуб Челзи, младиот играч офанзивец нема да оди на продажба. Минатата сезона Лофтус-Чик ја помина во Кристал Палас од каде и обезбеди место меѓу патниците на Мундијалот. Челзи сега е решен да му даде вистинска шанса следната сезона, но за неговото место во тимот сепак ќе решава новиот менаџер. Евертон веќе се појави како сериозен кандиат за неговиот потпис, но „карамелите“ засега немаат испратено конкретна понуда, а од Челзи се категорични дека…

Read More

Дебитантот на светските првенства, Исланд има одлична шанса да се пласира и во втората фаза на Мундијалот, но за тоа ќе мора вечерва да ја совлада Хрватска. Како втор услов за нивно место во следната фаза ќе мора да се молат Нигерија да не ја победи Аргентина. Доколку тој меч меѓу Африканците и „гаучосите“ заврши нерешено, тогаш ќе решава гол-разликата. Хрватите имаат вкупно 6 бода и веќе и теоретски се во следната рунда. Тимот на Златко Далиќ веројатно ќе има неколку промени во првиот тим, што ќе биде дополнителна шанса за „рибарите“.

Read More

Тренерот на Португалија, Фернандо Сантош, е оптимист за претстојниот дуел со Уругвај во 1/8-финалето на Светското првенство во фудбал во Русија. Синоќа “морепловците” одигра само нерешено со Иран и до последен момент стравуваа за пласманот во следната фаза. „Треба да се подготвиме и ментално и физички за претстојниот натпревар. Не ни беше важно дали ќе играме со Уругвај или со домаќините. Се разбира, постојат разлики меѓу двата тима. Русија може да ужива голема поддршка и да направи одлична работа додека Уругвај нема играчи од светска класа, но Португалија има такви. Имаме оружје со кое ќе се обидеме да ги поразиме“,…

Read More

Искусниот репрезентативец на Шпанија, Андрес Иниеста призна дека има многу недостатоци во играта на „фуријата“, но и лично во неговиот настап на овој Мундијал. Шпанците синоќа се спасија од пораз на дуелот со Мароко и успеаја да го трасираат патот кон осминафиналето. „Ние ја исполнивме главната задача да се пласираме во осминафиналето, а освен тоа сме први во групата, што е важно. Признавам дека имаме недостатоци во играта. Затоа е важно да се разбере дека на натпреварот против Русија треба да играме многу подобро, да направиме уште еден чекор напред во однос на квалитетот на фудбалот кои покажуваме. Ова е…

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус ја постави цената на Алекс Сандро, бидејќи Бразилецот на крајот на летото најверојатно ќе си замине од Торино. Како што објавија италијанските весници, Јуве за него ќе бара нешто повеќе од 52 милиони евра. Оваа сума не е проблем за заинтересираните клубови, но сега на ред се и личните преговори со Бразилецот. Најсериозен кандидат за неговиот потпис е францускиот шампион ПСЖ, па дури имало и разговори меѓу двата тима за трансферната цена. Втортиот заинтересиран тим за Сандро е Манчестер Ј., но засега од таму се уште не се поврзале со италијанскиот шампион.

Read More

И покрај одбивањето да платат солидна сума за ангажманот на Маурицио Сари, првите луѓе на Челзи очигледно на крајот попуштија. Како што објави англиски „Експрес“, трансферот на Сари од Наполи на кормилото на Челзи е веќе реалност. Според информациите на весникот, сепак англискиот клуб извадил 4,5 милиони фунти за да ја плати клаузулата за раскин на договорот на Сари со неговиот досегашен тим. Само прашање на денови е кога Сари ќе биде преставен како нов тренер на „сините“. Засега, пак, се уште не се знае како лондончани ќе се справат со заминувањето на Конте, кој исто така поради превремен раскин…

Read More

Играчот од средниот ред на шпанската репрезентација, Саул Нигез, го изрази своето незадоволство што на поранешниот тренер на репрезентацијата Хулен Лопетеги не му беше дозволено да ја води селекцијата на ова СП. „Отпуштањето на Лопетеги беше изненадување. Имаше свои причини и мотиви, но играчите не беа влечени во него. Хулен заслужи да продолжи да работи по две години подготовки за Светското првенство. Не ми се допадна она што му се случи“, вели фудбалерот на Атлетико (М).

Read More

Македонскиот каратист Берат Јакупи го освои златниот медал на Медитеранските Игри во Тарагона. Со победите над каратистот од БиХ, Мерис Муховиќ, Италијанецот Микеле Мартина, и онаа во полуфиналето на Србионот Дејан Цвркота, Јакупи обезбеди финале, каде имаше одличен настап против францускиот каратист Жеси да Коста и обезбеди победа за злато. Освен Јакупи, со медал од Тарагона се враќа уште еден македонски каратист. Жарко Арсовски во изедначена борба со резултат 1:1 против Италијанецот Симоне Марино успеа да го освои бронзениот медал во апсолутна категорија над 84 килограми, бидејќи го освои првиот поен во борбата.

Read More

Ливерпул е подготвен да го собори англискиот трансфер рекорд и со храбра понуда вредна 158 милиони фунти ќе се обиде летово да го купи младиот шпански репрезентативец Марко Асенсио. Фудбалерот на Реал (М) стана мета на „црвените“ кои сметаат дека имаат шанси да го убедат и него и Реал (М) за да се согласат на трансферот, особено што се уште не е јасно дали и новиот тренер на „кралевите“ има намера да го користи младиот Шпанец следната сезона. 22-годишниот играч моментално е на Светското првенство со Шпанија, но тој е се повеќе фрустриран поради малата минутажа во дресот на Реал.…

Read More

Ѕвездата на Лестер, Ријад Марез, очигледно сака да го искомпликува неговиот трансфер во Манчестер Сити, бидејќи побарал финансиски бонус од „лисиците“ за неговиот трансфер кај „граѓаните“. Двата клуба се на пат да постигнат договор за договорот вреден 75 милиони фунти, но Лестер одбива да му даде дел од парите на фудбалерот кој првично побара да си оди уште во јануари и поднесе барање за трансфер. Активностите на Алжирец изгледаат апсолутно бесмислени, ако се знае дека кај Сити тој ќе добива многу повисока плата од сегашната, па воопшто нема потреба од дополнителни бонуси. Тој, сепак, смета дека е сосема во право…

Read More