Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека двајца од фудбалерите на тимот, Немања Матиќ и Маркос Рохо, слободно може да си бараат нов клуб веќе овој јануари.
Тие не се дел од долгорочните планови на клубот, а Аргентинецот беше блиску до трансфер во Евертон во текот на летото. Договорот на Матиќ истекува на крајот на сезоната и затоа во Јунајтед ќе бараат начин да заработат некој милион на него со продажба оваа зима. Два клуба од Премиерлигата покажаа интерес за српскиот играч од средниот ред, додека Аргентинецот е во центарот на вниманието на екипи од Италија и Шпанија.