Наградниот фонд за новото издание на Австралија Опен на стартот на следната година ќе биде зголемен до 71 милиони долари. Тоа е зголемување за 13,6 проценти во однос на 2019 година.
„Како и секоја година, ние посветивме посебно внимание за наградите за играчите кои заминуваат во рана фаза на турнирот. Ќе продолжиме во оваа насока затоа што сакаме да се погрижиме колку што е можно повеќе играчи да имаат посигурна кариера со заработка повеќе”, велат организаторите.
Во проценти, најголем пораст има за оние кои ќе си одат уште по 1. коло – дури 33,3 проценти.