Author: saso

Одбранбениот играч на Тотенхем, Јан Вертонген, може да ја продолжи кариерата во Италија. По неуспешниот обид минатото лето, екипата на Наполи и натаму е подготвена да му понуди одличен договор на фудбалерот. Втор клуб кој сериозно е заинтересиран за дефанзивецот е Ајакс, кој се обидува да го врати својот екс-фудбалер, кој пред 7 години беше дел од клубот. Договорот на 32-годишниот дефанзивец истекува во текот на летото, а сега може да преговара со клубовите кои се подготвени да му понудат договор за следната сезона.

Read More

Сè е подготвено за големото враќање на Златан Ибрахимовиќ во Милано. Според најавите од Италија, Ибра денеска треба да слета во Милано, по што веднаш ќе се упати кон клиниката „Ла Мадонина“. Според планот, таму треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи, по кои ќе замине во клупската база на „росонерите“ и ќе стави параф на 6-месечен договор со својот поранешен клуб.

Read More

Пред натпреварот од 21 коло на англиската Премиер лига против Арсенал, се дозна дека играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба повторно има проблеми со глуждот. Последните информации за состојбата на Погба велат дека тој може да остане надвор од терените цел месец. „Погбата е повреден. Тој чувствува одредена непријатност во глуждот. Дефинитивно го загубивме за следниот месец. Најверојатно, ќе биде потребна операција. Ајде да видиме колку долго ќе трае закрепнувањето. Ова е голем удар за нас“, изјави Солскјер. 26-годишниот Французин неодамна се опорави од повредата на глуждот откако два и пол месеци беше надвор од терените. и…

Read More

Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски, денеска ќе биде подложен на лекарски преглед пред да стави потпис на договор со екипата на Јувентус. Според извори од Италија, трансферот е потврден, а договорот на играчот со италијанскиот тим ќе биде до 2024 година. Претходно беше објавено дека Јувентус и Аталанта се договорија за трансфер цена од 35 милиони евра плус бонуси. Во тековната сезона, Кулушевски е на позајмица за Парма. На 17 натпревари одиграни во Серија А, тој постигна четири гола и имаше седум асистенции.

Read More

Како за крај на 2019-тата, европскиот ракометен шампион Вардар реши да го престави новото, но веќе познато лице во „Јане Сандански“. Најавите се реализираа. И официјално, од денеска нов предводник на „црвено-црните“ е Стевче Алушовски. Човекот кој ќе го наследи Кокшаров на тренерското место во редовите на шампионот и ќе се обиде да ја врати енергијата и духот на тимот пред големите предизвици во новата 2020 година.

Read More

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го направи првиот пресек на списокот на ракометари на кои ќе смета за ЕП во Австрија. На денешната прес-конференција во пресрет на Европското првенство во јануари тој објави список од 20 репрезентативци на кои ќе смета во иднина. „Овој список ќе претрпи мали измени. После мечот имав состанок со играчите кои беа, на секој поединечно му образложив зошто се, зошто не е. Се обидував, им објаснив дека ми се потребни да создадам барем каква помош на кои се стандарни во репрезентацијата, имаше и онакви што ги крититкував. Сите имаа шанса некои повеќе некои…

Read More

Машката ракометна репрезентација на Македонија обезбеди тесна победа на полуфиналниот меч на меѓународниот подготвителен турнир во Романија, „Трофеј Карпати“, откако ја совлада селекцијата на Алжир со 25:24. По извонредното прво полувреме и водството од 6 гола разлика (15:9), избраниците на Данило Брестовац паднаа во темпото во вториот дел и им дозволија на Алжирците да ја намалат разликата. Падот во последните 20 минути доведе Алжир да ни се доближи на негатива од само еден гол, а до крајот гол за гол да се обидуваме да ја задржиме разликата. Танкоски со осум погодоци беше најрасположен во нашите редови, додека Поповски постигна четири…

Read More

Првиот семинар од втората генерација на Едукацијата за тренери која ја спроведува Кошаркарската федерација на Македонија ќе се одржи овој викенд, во конгресната сала при спортскиот центар „Борис Трајковски“ како и во големата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје. Според програмата, на 28. декември (сабота) во конгресната сала на СЦ „Бори Трајковски“,  Професор д-р Ленче Алексовска – Величковска, Професор д-р Слободан Николиќ, Професор д-р Александар Ацески и Професор д-р Милан Наумовски ќе одржат тематски предавања. Ден подоцна, во големата сала на СРЦ „Кале“со свои предавања ќе се претстават тренерите Горан Крстевски, Александар Јованчев, Ѓорѓи Кочов и Анета Глигорова.

Read More

По двомечот со селекцијата на Кувајт во Белград, македонската ракометна репрезентација денеска во Букурешт ги почнува настапите на „Трофеј Карпати“. Иако Алжирците најавија дека не се со најсилниот тим на турнирот, сепак, се исклучително респектабилна селекција против која денеска треба добро да се испотиме. На голот на Алжирците ќе биде и голманот на Вардар, Калифа Гедбане. Покрај дуелот Алжир Македонија, денеска на турнирот се среќаваат и домаќинот Романија и селекцијата на Холандија.

Read More

Новиот менаџер на Евертон, Карло Анчелоти е заинтересиран за услугите на белгискиот напаѓач од својот поранешен клуб, Дријс Мертенс. Според италијанските медиуми веќе од 1 јануари фудбалер може да се пресели во англиската Премиер лига за сума од само 10 милиони евра. Ваквата ниска трансферна цена се должи на фактот дека договорот на Мертенс со наполитанците завршува за 6 месеци. Во договор на играчот, износот е пропишан како компензација ако остане помалку од една година пред истекот на договорот. Оваа сезона, 32-годишниот фудбалер одигра 23 натпревари на клупско ниво, во кои постигна 9 голови.

Read More