По двомечот со селекцијата на Кувајт во Белград, македонската ракометна репрезентација денеска во Букурешт ги почнува настапите на „Трофеј Карпати“.
Иако Алжирците најавија дека не се со најсилниот тим на турнирот, сепак, се исклучително респектабилна селекција против која денеска треба добро да се испотиме. На голот на Алжирците ќе биде и голманот на Вардар, Калифа Гедбане.
Покрај дуелот Алжир Македонија, денеска на турнирот се среќаваат и домаќинот Романија и селекцијата на Холандија.

