Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го направи првиот пресек на списокот на ракометари на кои ќе смета за ЕП во Австрија. На денешната прес-конференција во пресрет на Европското првенство во јануари тој објави список од 20 репрезентативци на кои ќе смета во иднина.
„Овој список ќе претрпи мали измени. После мечот имав состанок со играчите кои беа, на секој поединечно му образложив зошто се, зошто не е. Се обидував, им објаснив дека ми се потребни да создадам барем каква помош на кои се стандарни во репрезентацијата, имаше и онакви што ги крититкував. Сите имаа шанса некои повеќе некои помалку, тоа што им го понудив ако влезат во конечниот спсиок да имаат епизодни улоги. Немаше прашање, немаше никаков коментар“, изјави селекторот Данило Брестовац по објавувањето на списокот.
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Борко Ристовски
Мартин Томовски
Никола Митревски
Дејан манасков
Бојан Маџовски
Гоце Георгиевски
Мартин Поповски
Жарко Пешевски
Стојанче Стоилов
Никола Марковски
Велко Марковски
Филип Талевски
Филип Кузмановски
Кирил Лазаров
Мартин Велковски
Мартин Серафимов
Марио Танковски
Горан Крстевски
Марко Мишевски

