Како за крај на 2019-тата, европскиот ракометен шампион Вардар реши да го престави новото, но веќе познато лице во „Јане Сандански“. Најавите се реализираа. И официјално, од денеска нов предводник на „црвено-црните“ е Стевче Алушовски.
Човекот кој ќе го наследи Кокшаров на тренерското место во редовите на шампионот и ќе се обиде да ја врати енергијата и духот на тимот пред големите предизвици во новата 2020 година.

