Author: saso

Интер начелно постигнал договор за личните услови со дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг. Договорот на 34-годишниот играч истекува во текот на летото, а веќе е договорено дека тој се сели во редовите на „нероаѕурите“. Англичанецот ќе потпише договор до 2021 година, пренесува Скај Италија.

Read More

Македонската ракометна репрезентација вечерва го почнува настапот на Европското првенство во Австрија. На премиерниот дуел се среќаваме со Украина во меч кој почнува од 20:30 часот. Низ историјата првите натпревари секогаш ни претставувале проблем, но надежта е дека овој пат ќе се справиме со ривалот, како пред две години во Хрватска. Во рамките од квалификациите за ЕП 2018 година, Македонија имаше две средби со Украина. На првиот натпревар запиша убедлива победа до шест гола разлика (27:21), додека на „реваншот“ во Украина одигравме без победник (27:27). Денеска на ЕП се играт и првите натпревари од уште две групи: Денеска – 1.…

Read More

Тениската репрезентација на Србија се пласираше во полуфиналето на АТП Купот во неговото годинешно премиерно издание. Србија успеа да ја добие Канада со 3:0 во Сиднеј во рамките на новоформираното репрезентативно натпреварување и да закаже дуел со Русија во првото полуфинале. Со голема поддршка од трибините, првата победа за Србија ја обезбеди Душан Лајовиќ кој беше подобар од Феликс Оже-Алиасим со 6:4, 6:2, а веднаш по него победа обезбеди и Новак Ѓоковиќ кој го совлада Денис Шаповалов со 4:6, 6:1, 7:6 (7:4). На крајот, Виктор Троицки и Никола Чачиќ во игра на двојки беа подобри и од Полански/Самасдин 6:3, 6:2.…

Read More
NBA

Ниту 34. поени на Расел Вестбрук не му помогнаа на тимот на Хјустон да замине како победник од синоќешното дерби во НБА лигата против екипата на Оклахома. На гостувањето во „Чешпик Енерџи Арена“, Хјустон беше поразен со 113:92 во меч во кој доминираше Вестбрук, но домаќините пред се со тимска игра успеаја да ја прокнижат 22-та сезонска победа. Клучна за победата се чини беше првата четвртина кога Оклахома направи разлика од цели 16 поени. Дабл-дабл ефект кај домашните на оваа средба имаше Данило Галинари кој оствари 23 поени и 11 скока со 4 асистенции. Филаделфија синоќа му го нанесе и…

Read More

Капитенот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров по синоќешниот тренинг пред премиерата на ова ЕП, ги сподели своите очекувања за денешниот ривал. „Ќе играме против непознат противник со кого се соочивме пред неколку години во едни квалификации. Наша е предноста бидејќи сме индивидуално и колективно подобри. Но, ова е Европско и затоа мора да одиграме како знаеме и умееме и да ги освоиме двата бода. За добар старт на шампионатот“, вели капитенот.

Read More

Матија Калдара, 25-годишниот централниот дефанзивец на Милан, ќе замине на позајмица во Аталанта. Двата клуба веќе се договориле за соработката, која треба да биде официјално потврдена. Договорот е за позајмица која ќе трае сезона и пол или точно 18 месеци. Изнајмувањето ќе биде без надомест, со тоа што Аталанта ќе има опција да го купи Калдара во јуни 2021 година за 15 милиони евра. Денеска фудбалерот треба да ги мине лекарските прегледи во Бергамо.

Read More

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Италија, откако утрово од Апенините стигнуваат вести дека францускиот голгетер ги прифатил понудените услови од Интер за преселба во Милано во овој јануарски преоден рок. Сега италијанскиот клуб ќе преговара со Челзи за трансферната вредност на играчот. Англискиот клуб има намера да добие најмалку 10 милиони евра за Жиру, но информациите од Италија велат дека Интер дава најмногу 5 милиони.

Read More

Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Александар Тодоров, го објави поширокиот список на повикани кошаркари на чии услуги ќе смета претстојниот февруари. Во рамките на првиот евроквалификациски прозорец, нашите сениори ќе одиграат два натпревара, еден на домашен еден на гостински терен. На списокот на Тодоров се најдоа 24 играчи и тоа: ПОШИРОК СПИСОК НА КОШАРКАРИ Ненад Димитријевиќ (Joventut Badalona) Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром) Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром) Марјан Младеновиќ (Работнички) Бобан Стајиќ (Кожув) Лука Савиќевиќ (Spanish Basketball Academy) Војдан Стојановски (Pau Lacq-Orthez) Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) Марко Симоновски / Адем Мекиќ (Пелистер) Андреј Јакимовски (Reale Mutua Basket…

Read More

Неколку англиски весници денеска пишуваат дека двајца играчи на Милан можат да заминат во Астон Вила во јануари. Покрај интересот кој Астон Вила ги има за Пјонтек, информациите говорат дека клубот од Бирмингем сега е заинтересиран и за голманот на „росонерите“, Хозе Реина. Искусниот 37-годишен Шпанец би можел да се преслеи во Премиер лигата како позајмен до крајот на сезоната, поради повредата на Том Хитон, кој нема да може да се врати на голот на Вила до крајот на сезоната. Самиот Реина е подготвен да се врати во Премиер лигата, каде играше за Ливерпул.

Read More

Екипата на Челси е подготвена да понуди 40 милиони евра, како и услугите на напаѓачот Оливие Жиру за да го добие потписот на напаѓачот на Лион, Муса Дембеле. Журу и онака бара нов клуб, откако не е во лановите на Лампард оваа сезона. Првично се сметаше дека тој ќе замине во Серија А, но сега се појавија шпекулации дека напаѓачот преферира да се врати дома. Според англиското издание на весникот „САН“, Челси упатил понуда до управата на Лион вредна 40 милиони евра, во која влегува и размената со Жиру.

Read More