Author: saso

Хрватскиот репрезнетативец Дувњак, во пресрет на вечерашното дерби со Германија вели дека противникот ја има фаворитската улога. „Германија е фаворит затоа што не сме ги победиле долго време. Тие го освоија Светскиот куп двапати, така што тие се фаворити“, вели Дувњак, кој со нетрпение го очекува новиот ракометен дуел.

Read More

Капитенот на германската ракометна реперезентација, Уве Генсхајмер, имаше прилично лош старт на ова ЕП. Сепак, селекторот на Германија, Прокоп, верува дека во следните мечеви ќе го видиме стариот Уве на средбите на шампионатот. „Уве во моментов не игра најдобро што е во неговата особеност. Неговиот талент и неговите способности се непобитни, но очигледно постои причина зошто тој не игра со леснотија за репрезентацијата. Јас не мислам дека создадовме премногу притисок за него, убеден сум дека тој стави преголем товар на очекувања на својот грб и дека ова е голем проблем. Тој е еден од најдобрите во светот и очекувам тој…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја прокоментира промената на тренерското место во Барселона, откако Ернесто Валверде доби отказ. „Навистина ми е жал за него. Тој е тренер кого максимално го почитувам и кој покажа дека е добар. Тренерите во клубовите како Барселона и Реал знаат на што се, и тоа никогаш нема да се промени. Доколку и јас загубам неколку натпревари веднаш доаѓаат критиките. Секогаш сакаш да дадеш 100% од себе и да се надеваш на најдоброто. Жал ми е за Валверде“, вели Зидан.

Read More

Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари 2020 година ќе биде организатор и домаќин на меѓународен ракометен турнир за млади категории „КЛ7 2020″. На истиот ќе учествуаат 8 екипи од 5 ракометни клубови од Македонија и странство, домашните брендови РК “Вардар, РК “Металург”, РК “Еурофарм Пелистер” и вицешампионот на Унгарија РК “ПИК Сегед” кој долги години е дел од престижната ЕХФ Лига на шампиони. Екипите ќе бидат поделени во две категории и тоа 2002 и помлади и 2004 и помлади. Во првата категорија (2002 и помали) ќе се натпреваруваат: КЛ7, Пик Сегед, Еурофарм Пелистер и Металург. Во втората категорија…

Read More

Интер е на чекор да го финализира трансферот на играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен. Според информациите на британското издание на весникот „САН“, во касата на Спарс ќе влезат 17 милиони фунти за правата на Данецот. Двете екипи начелно се договориле за износот на трансферот. Лондонскиот клуб не сака да загуби дополнителни пари, бидејќи втората опција е играчот од средниот ред да потпише прелиминарен договор со „нероаѕурите“ и да си замине без пари во текот на летото, што не му одговара на првиот оперативец на лондончани, Даниел Леви.

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани е на добар пат да замине во Атлетико во јануарскиот преоден рок. Весникот „Марка“ денеска објави дека генералниот директор на Атлетико полетал кон Париз за да се сретне со сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи и да се обиде да го затвори трансферот на фудбалерот. Раководството на Атлетико сака да ја убеди француската страна да го финализира овој договор иако ПСЖ првично одбил да го продаде Уругваецот со објаснување дека Кавани им треба во борбата за Лигата на шампионите.

Read More
NBA

Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, ќе му биде помошник на српскиот селекторот Кокошков на олимпискиот квалификациски турнир, објавија српските медиуми. Со влегувањето на Мелоун во стручниот штаб на Србија, повеќе нема дилеми дали најдобриот кошаркар, ѕвездата на Денвер, Никол Јокиќ, ќе настапи на турнирот во Белград. Противници на Србија на турнирот во Белград се Доминиканска Република и Нов Зеланд, додека во втората група која се игра во Белград, се наоѓаат селекциите на Италија, Порторико и Сенегал, а само победникот на турнирот ќе обезбеди пласман на Олимписките игри во Токио. Во стручниот штаб на селекцијата на Србија покрај селекторот Кокошков и…

Read More

Македонската ракометна репрезентација, по синоќешниот пораз од Австрија ги заврши настапите на европското првенство. Во ЕХФ изборот на најдобрите од вчерашниот ден, во ТОП 5 листата на најдобри асистенции имаше две на нашиот репрезентативец Талески. Најдобрата е токму онаа од зад грб за Дејан Манасков, а има и една на 4. место во изборот, која Талески ја направи за Стоилов.

Read More

Тренерот на берлинска Херта, Јирген Клинсман, најверојатно нема да биде на клупата на тимот за мечот од 18. коло во Бундеслигата против шампионот Баерн (М). Причина е истечената тренерска лиценца на некогашниот германски ас. Според изворот, специјалистот бил однапред информиран за истекот на лиценцата, но тој не направил ништо за да ја продолжи. Лиценцата се ажурира на секои три години. За непочитување на барањата на германскиот фудбалски сојуз, Клинсман и Херта се соочуваат со парична казна. Сè уште не е познато дали на Клинсман ќе му биде дозволено да го предводи тимот во натпреварот против Баерн.

Read More

Швајцарскиот дефанзивец од екипата на Милан, Рикардо Родригез, наскоро може да стане играч во ПСВ Ајндховен. Спортскиот директор на ПСВ веќе е во Милано за да го комплетира трансферот на Родригез. Швајцарскиот дефанзивец ја одбрал опцијата за заминување во Холандија, иако имал и понуда од Фенербахче. Милан сака да го продаде Родригез и се согласува со условите на ПСВ. Ова ќе биде закуп со задолжителен откуп за 6 милиони евра.

Read More