Интер е на чекор да го финализира трансферот на играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен.
Според информациите на британското издание на весникот „САН“, во касата на Спарс ќе влезат 17 милиони фунти за правата на Данецот.
Двете екипи начелно се договориле за износот на трансферот. Лондонскиот клуб не сака да загуби дополнителни пари, бидејќи втората опција е играчот од средниот ред да потпише прелиминарен договор со „нероаѕурите“ и да си замине без пари во текот на летото, што не му одговара на првиот оперативец на лондончани, Даниел Леви.

