Author: saso

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен, се согласил да се пресели во Интер веќе во зимскиот преоден рок. Ова го објавија италијанските медиуми. 27-годишниот Данец изразил желба да се пресели во италијанскиот клуб, без да го чека крајот на неговиот договор во летото 2020 година. Тој е подготвен да ги прифати условите за личен договор со миланезите и очекува позитивен исход од преговорите меѓу клубовите. Интер веќе влезе во официјални преговори со Тотенхем и предложи 10 милиони евра за играчот од средниот ред. Во исто време, Спарс очекуваат да заработат најмалку 20 милиони евра за својот играч за…

Read More

Македонската ракометна репрезентација денеска го игра последниот меч од групната фаза на ЕП и потребна ни е победа од два или повеќе разлика против Австрија за да се пласираме во следната рунда од Европското првенство. Според математиката, три сценарија можат да не однесат во втората фаза од натпреварувањето. -Најсигурна и најдобра варијатна е да ја победиме Австрија со два гола. На овој начин Македонија ќе пренесе два бода. -За пренесување на бодови работа ќе ни заврши и победа од еден гол, но најважниот услов е да постигнеме барем 32 погодоци и повеќе. -Македонија и со нерешено може да го завери…

Read More

Милан тргнува по дефанзивец на екипата на Тотенхем. Според информациите од Италија, „росонерите“ сериозно влегуваат во битка за потписот на дефанзивецот на Тотенхем, Серж Орие, за кого сметаат дека можат да го обезбедат оваа зима. Лондончани немаат против да го испратат Орие во Милано, но за возврат го бараат Пјонтек. Полјакот треба да го замени долгогодишниот капитен на Спарси, Хари Кејн кој е повреден. Сега сите погледи се кон тренерот на тимот, Стефано Пиоли кој треба да даде зелено светло за договор.

Read More

Голманот на Вест Хем, Лукаш Фабијански, ќе биде надвор од терените скоро две недели, откако се повреди на последниот меч со Шефилд Јунајтед. Фабијански минатата година имаше воспаление што го принуди да оди на операцијата на ткиво на колкот. „Добрата вест е дека повредата на Лукаш не се влоши. Сега само треба да дозволиме воспалението да се смири и да очекуваме тој да биде подготвен повторно да застане на голот за неколку недели“, вели клупскиот лекар на Вест Хем.

Read More

Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Мали и на голем број на европски врвни клубови Мохамед Сисоко, објави крај на професионалната кариера на 34-годишна возраст. „Дојде крајот, јас ја завршувам кариерата. Ова е многу тежок избор. За мене, ова е исклучително тешка одлука, затоа што секогаш сум бил вклучен во фудбалот, тој е мојот живот“, рече Сисоко. Тој ја започна својата кариера во 2002 година како дел од Оксер, од каде една година подоцна се пресели во Валенсија. Во 2005 година, дојде во Ливерпул, а три години подоцна се пресели во Јувентус. Играше и за ПСЖ, Фиорентина, Леванте, но и во…

Read More

Ракометарот на Вардар и рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров, го прокоментира поразот од Исланд синоќа со што Русија практично ги завршува настапите на ова ЕП уште во прелиминарната фаза. „Почнавме многу лошо. После тоа, се обидовме да се вратиме во игра, презедовме многу ризици, ги сменивме момците во одбрана и во напад. Но разликата беше голема. Сè што можевме, дадовме, но тоа не беше доволно“, изјавил Дибиров.

Read More

Доцна синоќа, шпанскиот шампион Барселона и официјално го назначи Кике Сетиен за наследник на отпуштениот Ернесто Валверде. 61-годишниот шпански специјалист доаѓа како нов кормилар на каталонците со договор до 2,5 година, иако некои шпекулации тврдеа дека тој ќе седне на кормилото со договор од само 6-месеци. Според потврдените клупски информации, Сетиен доби договор со Барса до 30 јуни 2022 година. Официјалната промоција на новиот предводник на каталонците ќе биде денеска во 14 часот.

Read More

Пилотот на Ф1 тимот „Расинг Поинт“ Серхио Перез јасно стави до знаење дека по истекот на сегашниот договор може да ја заврши кариерата во Формула 1. Мексиканецот вели дека доколку не почне да победува, ќе биде приморан да замине. „Промената на регулативите ми дава надеж, особено затоа што знам што се случува во тимот. Но, морам да бидам реален. Не можам да дојдам до Ферари или Мерцедес, па затоа сум среќен со моето место, особено знаејќи што се случува во бекстејџот на Формула 1“, вели тој.

Read More

Виктор Санчез од синоќа повеќе не е тренер на шпанска Малага. Човекот кој стана учесник во еден од најголемите скандали во последните неколку години во шпанскиот спорт, и официјално е информиран дека повеќе нема да го предводи тимот. Според шпанска „Марка“, клубот ги информирал неговите адвокати во саботата попладне дека договорот ќе биде раскинат. Минатата недела се појави видео од тренерот на Малага како мастурбира, што предизвика лавина реакции низ медиумите и социјалните мрежи. Тоа беше доволно за тој да ја загуби работата.

Read More

„Сонувам да станам тренер во Барселона, но во моментов сум фокусиран на мојата работа во Ал Сад“, рече легендата на Каталонците, Чави Ернандез, за кого деновиве на големо се зборува дека ќе го наследи Валверде на клупата на каталонците, Тренерската смена во Барселона се заговара во последниве денови. Вчера, Чави го однесе Ал Сад во финалето на Купот на Катар.

Read More