Виктор Санчез од синоќа повеќе не е тренер на шпанска Малага. Човекот кој стана учесник во еден од најголемите скандали во последните неколку години во шпанскиот спорт, и официјално е информиран дека повеќе нема да го предводи тимот.
Според шпанска „Марка“, клубот ги информирал неговите адвокати во саботата попладне дека договорот ќе биде раскинат. Минатата недела се појави видео од тренерот на Малага како мастурбира, што предизвика лавина реакции низ медиумите и социјалните мрежи. Тоа беше доволно за тој да ја загуби работата.

