Author: saso

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти продолжува да преговара со некои од своите поранешни фудбалери во Наполи, кои би сакал да ги донесе во Премиер лигата во неговиот сегашен клуб. Едно од најновите имиња во неговиот нотест е Бразилецот Алан. Фудбалерот се чини дека не е среќен во Неапол и веќе гледа шанса да си замине. Според „Кориере Спорт“, Евертон имал разговори со шефовите на Наполи, на кои начелно е договорено работата да биде завршена на лето.

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, сè уште се надева дека ќе се врати во Јувентус. Деновите на Французинот на „Олд Трафорд“ завршуваат и тој ќе замине од екипата во текот на летото. Пред него има неколку опции, но желбата на играчот е повторно да се врати во тимот на „Старата Дама“ од Торино. Се проценува дека во моментов само пет други клубови можат да си дозволат трансфер на Погба. Тоа се Манчестер Сити, ПСЖ, Баерн Минхен, Барселона и Реал Мадрид. ПСЖ не е опција за Французинот, кој во неколку наврати одби да се пресели кај Францускиот…

Read More

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе мора наредниот домашен натпревар од АБА 2 лигата да го игра пред празни трибини, а згора на тоа да плати и парична казна од 15.000 евра, како санкција за однесувањето на навивачите и прекинот на дуелот во СЦ „Јане Сандански“ против Сутјеска. Овој меч, на кој „металците“ забележаа рутинска победа, беше прекинат поради однесувањето на најверните фанови на аеродромци, а судиите бараа салата да биде испразнета. Според тоа, следниот меч на „штрковите“ на 30 јануари против Хелиос Домжале ќе се игра пред празни трибини во „Јане Сандански“.

Read More

Во очај да доведе ново засилување на местото на повредениот напаѓач Хари Кејн, менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, бара нови солуции. Според весникот „Телеграф“, Португалецот сега се сврте кон Ислам Слимани, кој во моментов настапува како позајмен во Монако од екипата на Лестер. Преставници на Тотенхем работат на обезбедување на 31-годишниот напаѓач и се надеваат дека може да се најде решение до крајот на месецот. Од доаѓањето во Франција, Слимани почна да ја крева формата и на 11 меча во Лига 1 веќе има 7 гола.

Read More

Иако повеќе пати ги негираше вестите во печатот, се чини дека на крајот на сезоната Арпад Штербик, сепак, заминува во пензија. Голманот на Веспрем и на реперезентацијата на Шпанија отворено најави дека размислува за пензионерските денови. 40-годишниот голман за својата одлука веќе зборуваше во унгарските медиуми. „Ако ја ставам дланката на моето срце, можам да кажам дека размислував за овој потег и пред четири или пет години. Сепак, секогаш имаше нешто што ме водеше напред. Не ме сфаќајте погрешно, не ми пречи ниту една секунда што сум останал на теренот. Ракометот стана дел од мојот живот и така ќе остане,…

Read More

Канзас Сити и Сан Франциско ќе играат во големото финале на американската фудбалска лига НФЛ, популарниот Супербоул. Синоќа во финалните конференциски дуели, Канзас славеше над Тенеси со 35:24, додека Сан Франциско беше подобар од Грин Беј Пакерс со 37:20. 54. издание на Супербоул е закажан во недела на 2 февруари, во Мајами, со почеток во 0:30 часот по средноевропско време.

Read More

Денеска продолжуваат мечевите од 3. коло во втората фаза од европското пренство во ракомет. На програмата се три средби во групата во Виена, каде ќе има интересна битка. Иако остануваат непоразени, ракметарите на Шпанија сепак треба да освојат најмалку уште еден бод за да бидат сигурни во нивното место во полуфиналето. Шпанците работата можат да ја завршат и  вечерва доколку ги потврдат квалитетите и на дуелот против Белорусија. Хрватска, веќе обезбеди полуфинале, па денеска против Чешка ќе оди на потврда на првото место. Во последниот меч се среќаваат Австрија и Германија, а домаќините ќе се обидат да направат ново изненадување.…

Read More

Селекторот на репрезентацијата на Австрија, Алеш Пајовиќ, и честиташе н Хрватска за одличниот настап на ЕП и и порача дека има сили за златен медал. „Им честитам на Хрватска на нивната победа. Тие одиграа навистина добро. Исто така, ги следев во првото коло и уште од тогаш ги сметам за кандидати да медал. Знаев дека ќе имаме проблеми со нивната одбрана 5-1 со Дувњак напред. Се обидовме да ги најдеме нашите шанси, но дури и кога ги најдовме, немавме среќа. Сега и посакувам среќа на Хрватска и се надевам ќе играат добро како и досега“, вели Пајовиќ.

Read More

Играчот од средниот ред на Челзи, Марио Пашалиќ, кој е на позајмица во Аталанта, најверојатно ќе продолжи да игра во италијанскиот шампионат. Според веста од Италија, Аталанта има намера да ја активира опцијата за откуп на договорор и да потпише со играчот од средниот ред перманентен договор. Клубот од Бергамо ќе му плати 15 милиони евра на лондонски Челзи. За играчот е подготвен договор до 2024 година. Пријавено е дека страните се согласуваат за соработката и трансферот наскоро ќе биде комплетиран.

Read More

Суперeѕвездата на Барселона, Лионел Меси, продолжува да испишува историја. Шесткратниот добитник на „Златната топка“ го спаси новиот тренер Кике Сетиен од неуспех на дебито на клупата на Барслеона, откако синоќа го постигна единствениот гол на мечот со Гранада за победа на каталонците од 1:0. Така, Лео стана првиот играч што постигнал гол во Ла Лига 16 последователни календарски години. Постигнувањето на Меси е рекорд во историјата на шпанската елита, но има играчи со подолги серии во некоја од останатите европски лиги кои се во ТОП 5 листата. Така, неговиот голем ривал Кристијано Роналдо, на пример, има постигнато гол во секоја…

Read More