Суперeѕвездата на Барселона, Лионел Меси, продолжува да испишува историја. Шесткратниот добитник на „Златната топка“ го спаси новиот тренер Кике Сетиен од неуспех на дебито на клупата на Барслеона, откако синоќа го постигна единствениот гол на мечот со Гранада за победа на каталонците од 1:0.
Така, Лео стана првиот играч што постигнал гол во Ла Лига 16 последователни календарски години. Постигнувањето на Меси е рекорд во историјата на шпанската елита, но има играчи со подолги серии во некоја од останатите европски лиги кои се во ТОП 5 листата.
Така, неговиот голем ривал Кристијано Роналдо, на пример, има постигнато гол во секоја од последните 18 календарски години во неговите настапи во најсилните првенства. Џампаоло Пацини од Верона и Џими Бриан од Бордо постигнаа гол во секоја од последните 17 календарски години.

