Германскиот тенисер Александар Зверев, седми носител на Австралија опен е третиот полуфиналист во машка конкуренција. Тој утринава во претпоследното четврфинале на машкиот турнир го совлада швајцарскиот тенисер Стен Вавринка (15) со 1:6, 6:3, 6:4, 6:2 и за 2 часа и 19 минути успеа да им се придружи на Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер во полуфиналето. Зверев за првпат ќе игра во полуфинале на еден од Грен Слем турнирите, што за него сигурно ќе биде најголем предизвик во кариерата. Кај дамите, 28-годишната Романка, Симона Халеп, инаку четврта фаворитка на Австралија Опен, обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен. Утринава, Халеп во…
Author: saso
Кошаркарите на Далас го доживеаја најтешкиот пораз на домашен терен оваа сеозна, откако дозволија кошаркарите на Феникс да однесат победа од Тексас со високи 133-104. Лука Дончиќ беше запрен на само 21 поен за 25 минути поминати на паркетот, а на спротивната страна момците од Аризона го имаа неверојатниот Девин Букер кој застана на 32 поени со 9 асистенции и 6 скока. Одичен беше и Деандре Ајтон кој промаши само двапати од игра (13/15) и мечот го заврши со 31 поен и 9 скока. НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Њујорк 97-92 Филаделфија – Голден Стејт 115-104 Кливленд – Њу Орлеанс 111-125…
Напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјонтек има нова понуда, овој пат од Германија од екипата на Херта Берлин. Оваа најнова понуда од германија е само притисок плус за Жозе Мурињо и Тотенхем да ја зголемат својата понуда за да не им пропадне шансата да го донесат полскиот голгетер. Полскиот интернационалец пристигна од Џенова пред една година за 35 милиони евра, но не ги исполни очекувањата и со доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ го загуби местото во тимот. Бидејќи „росонерите“ платија толку многу за него, тие се подготвени само за комплетна продажба но не за сума под 30 милиони евра. Досега Спарс само…
Десетици маскирани хулигани ноќеска го нападнале домот на извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард, во чиј двор фрлиле запалени факели и чадни бомби. Според англиските медиуми, нападот е дело на таканаречената група „Момци во црно“, кои долго време се против управата на „ѓаволите“ и американските сопственици на клубот. Нивниот револт кулминирал по неодамнешниот пораз од Барнли (0-2) на домашен терен, а нападот доаѓа во пресрет на денешната реванш-пресметка против градскиот ривал Сити во полуфиналето од Лига Купот. „Граѓаните“ во првиот меч славеа со 3-1.
По трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант, играчите во НБА започнаа да се откажуваат од бројките кои беа симбол и асоцијација за Коби. Спенсер Динвиди од Бруклин прв се одлучи на таков чекор. Тој играше со бројот 8, но во продолжение од сезоната ќе го носи дресот со бројот 26. Динвиди објасни дека и бројот 26 има симболика и е поврзан со Брајант. Тоа е збирот на бројот 24 кој исто така го носеше Коби и бројот 2 кој го носеше неговата ќерка Џиџи, која исто така загина во хеликоптерската несреќа. На менување на дресот…
Откако завршија возбудувањата на Европското и Африканското ракометно првенство, официјално се комплетираа трите олимписки ракометни турнири од кои ќе се бараат патниците на Летните олимписки игри во Токио. Според утврдениот распоред, европскиот вицешампион Хрватска ќе биде дел од групата „2“, каде се уште и селекциите на Франција, Португалија и Тунис. Словенците, пак, кои се четврти на последното ЕП за противници на патот кон Токио добија исто така две европски селекции: Германија и Шведска, а тука е и Алжир. На првиот турнир, пак, покрај „бронзената“ Норвешка се и селекциите на Бразил, Ј. Кореја и Чиле. Олимписките квалификациски турнири се на програмата…
Кристијан Ериксен денеска треба да пристигне во Милано за да биде подложен на лекарски прегледи во Интер. Тој и официјално ќе тане нов член на четата на Антонио Конте, откако двата клуба постигнаа договор за трансфер вреден 20 милиони евра. Данскиот играч од средниот ред ќе наполни 28 години следниот месец и е последното засилување за Антонио Конте во јануарскиот преоден рок по Ешли Јанг и Виктор Мозес. Тој ќе лета од Лондон утрово, а потоа ќе замине на прегледи во клиниката „Хуманитас“ во Милано.
Фановите на Лос Анџелес Лејкерс во близина на матичната арена на клубот „Стејплс центар“ создадоа спомен обележје во чест на легендарниот Коби Брајант. 41-годишниот Брајант загина вчера во стравична хеликоптерска несреќа, заедно со неговата 13-годишна ќерка и уште 7 други лица.
Брзо откако во неделата избувна веста за смртта на Коби Брајант, почнаа да пристигнуваат проштални пораки од целиот свет. Безброј познати личности и организации ширум светот ја споделија својата тага, љубов и спомен за Брајант, кој беше еден од потврдените девет жртви во несреќата крај Лос Анџелес. Особено емотивен беше Ирвин Меџик Џонсон, кој сподели неколку твитови во сеќавање на легендата на Лејкерс. „Додека се обидувам да го напишам овој пост, мојот ум лета. Јас сум во неверување и плачам цело утро по оваа погубна вест дека Коби и неговата млада ќерка загинаа во хеликоптерска несреќа. Го сакам, неговото семејство…
Навивачките групи од Македонија се обединија и ќе навиваат заедно на натпреварот што фудбалската репрезентација ќе го игра на 26 март против Косово на арената „Тодор Проески“ во Скопје, во полуфиналето од плејофот во Лигата на нации. Фудбалскиот национален тим долго немаше организирана поддршка опд навивачките групи, но ќе ја има на најважниот меч, во обидот да се пласира на ЕВРО 2020. Претставници на навивачките групи денеска во Тетово постигнале договор за заедничко навивање и поддршка за Македонија на мечот против Косово. „По денешната средба во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на…
