Брзо откако во неделата избувна веста за смртта на Коби Брајант, почнаа да пристигнуваат проштални пораки од целиот свет.
Безброј познати личности и организации ширум светот ја споделија својата тага, љубов и спомен за Брајант, кој беше еден од потврдените девет жртви во несреќата крај Лос Анџелес.
Особено емотивен беше Ирвин Меџик Џонсон, кој сподели неколку твитови во сеќавање на легендата на Лејкерс.
„Додека се обидувам да го напишам овој пост, мојот ум лета. Јас сум во неверување и плачам цело утро по оваа погубна вест дека Коби и неговата млада ќерка загинаа во хеликоптерска несреќа. Го сакам, неговото семејство и она за што тој се залагаше и надвор од теренот. Мојот пријател, легенда, сопруг, татко, син, брат, добитник на Оскар и најголемиот Лејкер на сите времиња замина. Тешко е да се прифати. Коби беше наш лидер во играта, ментор. Тој го даде своето знаење, време и талентот да им предава на толку многу деца во младинските категории, на ниво на колеџ, играчи во НБА и ВНБА. Зборовите не можат да го опишат влијанието што тој го имаше врз кошарката“, напиша Меџик.