Откако завршија возбудувањата на Европското и Африканското ракометно првенство, официјално се комплетираа трите олимписки ракометни турнири од кои ќе се бараат патниците на Летните олимписки игри во Токио.
Според утврдениот распоред, европскиот вицешампион Хрватска ќе биде дел од групата „2“, каде се уште и селекциите на Франција, Португалија и Тунис.
Словенците, пак, кои се четврти на последното ЕП за противници на патот кон Токио добија исто така две европски селекции: Германија и Шведска, а тука е и Алжир.
На првиот турнир, пак, покрај „бронзената“ Норвешка се и селекциите на Бразил, Ј. Кореја и Чиле. Олимписките квалификациски турнири се на програмата во април.

