Целиот спортски свет е во шок по потврдата дека синоќа животот го загуби еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Коби Брајант. Првичните информации кои беа потврдени, се дека во хеликоптерот кој се урна во близина на Лос Анџелес била и ќерката на Коби и уште три лица. Но, официјално во оваа голема несреќа животот го загубиле вкупно 9 лица. Полицијата ги потврди Коби и 13-годишната ќерка, но не и имињата на останатите седум лица кои се возеле на овој кобен лет. Причината за падот на хеликоптерот се уште се истражува.
Author: saso
Најдобриот норвешки ракометар Сандер Сагосен по вчерашниот пораз во полуфиналето на ЕП од Хрватска, вели дека ова е еден од најболните порази кои може да ви се случи. „Ова е шлаканица која мора да ја прифатиме. Мораме да ја научиме лекцијата и кога ќе се најдеме повторно во ваква ситуација, да не ги повториме истите грешки. Игравме малку по содржајно во нападот, бидејќи знаевме дека нивната одбрана е феноменална. Сепак, направивме премногу грешки во нападот и премногу шутеви завршија во нивните голмани“, вели Сагосен, кој го стигна Кире Лазаров на листата на најдобри реализатори на ЕП.
Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, откри дека бил многу близу да ги напушти „бјанконерите“ минатото лето. Во тоа време, англиските Тотенхем и Манчестер Јунајтед беа многу блиску до обезбедување на неговите услуги, со тоа што Спарси дури преговараа со ’Старата Дама’, и имаа договор од 64,4 милиони фунти. Сепак, во последен момент Јуве реши да го запре трансферот на Аргентинецот. „Бев близу да заминам. Клубот го сакаше истото. Чекавме до последен момент“, изјави Дибала за „Гардијан“. „Имам уште две години од мојот договор. Не малку, но не многу. Ќе видиме какви планови има Јуве – дали сакаат да останам или…
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими, кој играше во последните денови од сезоната во Борусија Дортмунд, изјави дека сè уште не знае дали ќе се врати во екипата на Реал следната сезона. Мароканецот е под наем во Борусија до крајот на сезоната. „Не знам што ќе се случи во јуни. Ќе зборуваме за ова во иднина. Во моментов се фокусирам само на Борусија Дортмунд. Отсекогаш мој сон било да играм за првиот тим на Реал Мадрид и да тренирам со најдобрите во светот. Дали има нешто подобро од учење од еден од најдобрите фудбалери во историјата? Не би рекол“, изјавил…
Главниот извршен директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, вели дека и натаму го има истото мислење за Мануел Нојер,а тоа е дека тој е моментно најдобриот голман во светот. Во исто време, Румениге изрази надеж дека Нојер ќе остане во клубот долго време. Договорот на голманот истекува за 18 месеци, но може да бид епродолжен за најмалку уште една сезона. „Јасни сме за тоа што го имаме во неговото лице. Не треба да разговараме колку е добар тој“, вели Румениге.
Во неизвесна завршница, Шпанија славеше над Словенија со 34:32 и обезбеди финале на ЕП во Шведска. Иако Шпанците имаа одлична предност од 4-5 гола во текот на целиот меч, Словенија стигна на минус 1 во последната минута од средбата, но не успеа да се одбрани и да добие напад за израмнување. Шпанците успеаја да останат ладнокрвни и на крајот да дојдат до посакуваниот триумф. Душебаев, Фернандез и Ентрериос постигнаа по шест погодоци, на другата страна Доленец имаше седум гола.
По неверојатни четири продолженија од 5 минути или вкупно 80 минутна борба во ТЕЛЕ 2 Арената во Стокхолм, селекцијата на Хрватска побед со 29:28 и се избори за пласман во големото финале на ЕП. Жељко Муса е херојот на Хрватска, откако постигна гол на пет секунди до крајот на последното продолжение против Норвешка и ја одведе својата репрезентација во големото финале. Сагосен со 10 постигнати погодоци беше најефикасен на теренот, додека Дувњак кој беше прогласен за играч на мечот постигна 8. Кај Хрватска одлична партија имаше и пикерот Мариќ кој средбата ја заврши со 6 гола од 8 шута. Хрватска…
Лука Циндриќ нема да игра против Шпанија во решавачкиот натпревар за пласман на првото место во групата „1“ на ЕП. Според хрватските медиуми, Циндриќ не успеа да ја залечи повредата на мускулите, има оток и затоа тренерот Лино Червар не сака да го оптоварува, пред полуфиналните обврски. Според хрватските медиуми, се уште е неизвесно дали Циндриќ ќе биде подготвен и за полуфиналето.
Напаѓачот на Интер, Матео Политано, најверојатно ќе го засили Наполи овој зимски трансфер период.. Тимот од Неапол планира да ја засили напаѓачката позиција во составот и понуди 25 милиони евра за напаѓачот на „нероаѕурите“, а фудбалерот е подготвен да замине, но најпрвин ќе ја сочека и понудата од Рома. Судбината на 26-годишниот играч зависи од тоа дали „волчицата“ е подготвена да му понуди и подобри услови од овие на Наполи. Оваа сезона Политано има 15 натпревари за Интер, но не е постигнат ниту еден гол.
Минатогодишниот шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, лесно се квалификуваше во третото коло на турнирот, откако загуби само седум гејма во победата од 6-1, 6-4, 6-2 над јапонскиот тенисер, Ито. Србинот загуби сет во првото коло против Јан-Ленард Штруф, но сега не дозволи такво нешто против 146. тенисер на АТП листата. Следниот противник на Ѓоковиќ во обид да ја освои осмата титула на Австралија опен е уште еднен Јапонец. Јошихито Нишиока, кој забележа победа од 6:4, 6:3, 6:4 над Британецот Ден Еван ќе се обиде да му направи проблеми на светскиот рекет бр. 2.
