Лука Циндриќ нема да игра против Шпанија во решавачкиот натпревар за пласман на првото место во групата „1“ на ЕП. Според хрватските медиуми, Циндриќ не успеа да ја залечи повредата на мускулите, има оток и затоа тренерот Лино Червар не сака да го оптоварува, пред полуфиналните обврски.
Според хрватските медиуми, се уште е неизвесно дали Циндриќ ќе биде подготвен и за полуфиналето.