Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими, кој играше во последните денови од сезоната во Борусија Дортмунд, изјави дека сè уште не знае дали ќе се врати во екипата на Реал следната сезона. Мароканецот е под наем во Борусија до крајот на сезоната.
„Не знам што ќе се случи во јуни. Ќе зборуваме за ова во иднина. Во моментов се фокусирам само на Борусија Дортмунд. Отсекогаш мој сон било да играм за првиот тим на Реал Мадрид и да тренирам со најдобрите во светот. Дали има нешто подобро од учење од еден од најдобрите фудбалери во историјата? Не би рекол“, изјавил Хакими.