По неверојатни четири продолженија од 5 минути или вкупно 80 минутна борба во ТЕЛЕ 2 Арената во Стокхолм, селекцијата на Хрватска побед со 29:28 и се избори за пласман во големото финале на ЕП. Жељко Муса е херојот на Хрватска, откако постигна гол на пет секунди до крајот на последното продолжение против Норвешка и ја одведе својата репрезентација во големото финале.
Сагосен со 10 постигнати погодоци беше најефикасен на теренот, додека Дувњак кој беше прогласен за играч на мечот постигна 8. Кај Хрватска одлична партија имаше и пикерот Мариќ кој средбата ја заврши со 6 гола од 8 шута.
Хрватска во неделното финале ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Словенија и Шпанија.