Во неизвесна завршница, Шпанија славеше над Словенија со 34:32 и обезбеди финале на ЕП во Шведска. Иако Шпанците имаа одлична предност од 4-5 гола во текот на целиот меч, Словенија стигна на минус 1 во последната минута од средбата, но не успеа да се одбрани и да добие напад за израмнување. Шпанците успеаја да останат ладнокрвни и на крајот да дојдат до посакуваниот триумф.
Душебаев, Фернандез и Ентрериос постигнаа по шест погодоци, на другата страна Доленец имаше седум гола.