Целиот спортски свет е во шок по потврдата дека синоќа животот го загуби еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Коби Брајант.
Првичните информации кои беа потврдени, се дека во хеликоптерот кој се урна во близина на Лос Анџелес била и ќерката на Коби и уште три лица. Но, официјално во оваа голема несреќа животот го загубиле вкупно 9 лица.
Полицијата ги потврди Коби и 13-годишната ќерка, но не и имињата на останатите седум лица кои се возеле на овој кобен лет.
Причината за падот на хеликоптерот се уште се истражува.