Author: saso

Според пишувањата на италијанските меидуми, следново лето ќе имаме нов нов спектакуларен трансфер. Според најавите, Јувентус подготвил дури 150 милиони евра за доведување на дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк. Од Јувентус веруваат дека Ван Дајк би бил отворен за трансфер доколку Ливерпул ја освои Премиерлигата. Токму затоа во торинскиот тим се подготвени да извадат сума која „црвените“ не би можеле да ја одбијат, а за Ван Дајк би следел нов предизвик во кариерата. И самиот Ван Дајк пред само една недела во интервју за „Дејли мејл“ нагласи дека сака да ги исполни сите свои соништа во кариерата, и доколку…

Read More

Голманот на италијански Интер, Самир Хандановиќ ќе биде надвор од терените неодредено време поради повреда, пренесоа италијанските медиуми. Словенечкиот голман се повреди на тренинг додека се подготвуваше за натпреварот со Удинезе кој е на програмата вечерва. 35-годишниот голман се очекува да ги пропушти следните неколку натпревари за клубот од Милано. Хандановиќ оваа сезона има 29 натпревари за „нероаѕурите“.

Read More

Италијанската скијачка Федерика Брињоне е победничка на супервелеслаломската трка во рускиот скиjачки центар Роса Кутор. Таа мина низ целта прва со време од 1:25,33 минути, за ново славје во Светскиот куп. Втора трката ја заврши сонародничката Софија Гоџа со само 20 стотинки заостанување. Подиумот го комплетираше Јоана Хехлен, која доцнеше 0,34 секунди.

Read More

Шефот на Мекларен, Андреас Зајдл призна дека не очекува да ја забележи првата победа на тимот пред 2023 година. Според него, ова се должи на фактот дека процесот на изедначување на буџетите на тимовите ќе трае долго време. „Имаме 750 луѓе. Ова е многу помалку од врвните екипи. Раководството на тимот ни стави јасно до знаење дека можеме да дејствуваме во рамката во која ќе се воведе буџетска граница. Ова е одличен сигнал за сите нас, бидејќи ќе имаме можност да се вратиме. Ова нема да се случи во 2021 година. Врвните тимови сепак ќе имаат повеќе луѓе и повеќе…

Read More

Американката Софија Кенин е победничка на годинешното издание на првиот Грен Слем турнир, Австралија опен. Младата Американка родена во Москва во женското финале на турнирот славеше над Шпанката Мугуруза со 4:6, 6:2, 6:2. 21-годишната Кенин до победата дојде за 2 часа 5 минути. Откако го загуби првиот сет со 6:4, се чинеше дека Кенин тешко ќе успее да се врати во игра за својата прва Грен Слем титула, но начинот на кој го одигра вториот сет и ја остави противничката на само два освоени гејма го најави можното изненадување. Со извонредна игра и во последниот сет Софија, која во детството…

Read More

Поранешниот тренер на Металург и актуелен хрватски селектор, Лино Червар, во интервју за хрватските весници и натаму тврди дека судиите Николов и Начевски ја оштетиле Хрватска во финалето на ЕП 2020. „Сакам да останам во ракометот, а во него сум повеќе од 45 години. Во три држави, Хрватска, Италија и Македонија ги добив најголемите државни признанија. Македонците ми дадоа и државјанство како благодарност за сè што направив за нивниот ракомет, но ете сега ме оштетија во финалето. Ракометот е мој живот, останувам во него, но сакам да работам во своја визија. Што се однесува до тренирање, никогаш нема да кажам…

Read More
NBA

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс синоќа беа поразени од Портланд со 119-127 во првиот меч откако почина Коби Брајант, па сè во Стејплс Центарот беше во негова чест. Пред почетокот на средбата беше одржан говор, а кон навивачите се обрати Леброн Џејмс. „Семејството е на прво место и додека ве гледам во салата забележувам дека сите жалиме, повредени сме и со скршени срца. Кога доаѓав во Лејкерс ми зборуваа дека сме семејство и во недела го видов тоа. Знам дека ќе се сеќаваме на Коби. 20 години тренинг, пот, желба и солзи за успех. Вечерва славиме момче кое дојде тука…

Read More

Новото засилување за Ливерпул Такуми Минамино вели дека никогаш нема да ја заборави првата средба со Јирген Клоп по неговото пристигнување во Англија. Јапонецот се уште се навикнува на новата средина и не добива многу шанса за настап, меѓутоа истакна дека бил импресиониран од Јирген Клоп кој срдечно го пречекал во клубот. „Никогаш нема да ги заборавам неговите зборови. Два или три дена откако дојдов во клубот ми рече да уживам во играта и да играм како што сакам јас. Таа слобода ме воодушеви“, изјави Минамино.

Read More

Кшиштоф Пјонтек од денеска е нов играч на Херта Берлин. Напаѓачот, кој досега ги носеше боите на Милан, се сели во главниот град на Германија со перманентен договор. Полјакот потпиша договор на 4,5 години, а берлинчани платија рекордна сума во историјата на клубот за да го донесат робусниот напаѓач во својот тим. По вчерашните интензивни преговори во Милано, постигнат беше договор Пјонтек за сума од 27 милиони евра да се пресели во „сино-белите“.

Read More

Креаторот на играта на германски РБ Лајпциг, Кевин Кампл, ќе биде надвор од терените најмалку еден месец по операцијата на глуждот, изјави тренер на тимот, Џулијан Нагелсман. Словенецот се уште има болки и нема да продолжи со тренинзи уште неколку недели. “Очекуваме Кевин да се врати во игра на почетокот на март, но тоа зависи од нивото на болка во глуждот. Но, тоа е нормално со вакви повреди”, рече Нагелсман.

Read More