Според пишувањата на италијанските меидуми, следново лето ќе имаме нов нов спектакуларен трансфер. Според најавите, Јувентус подготвил дури 150 милиони евра за доведување на дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.
Од Јувентус веруваат дека Ван Дајк би бил отворен за трансфер доколку Ливерпул ја освои Премиерлигата.
Токму затоа во торинскиот тим се подготвени да извадат сума која „црвените“ не би можеле да ја одбијат, а за Ван Дајк би следел нов предизвик во кариерата.
И самиот Ван Дајк пред само една недела во интервју за „Дејли мејл“ нагласи дека сака да ги исполни сите свои соништа во кариерата, и доколку е можно да игра за што повеќе клубови.

