Италијанската скијачка Федерика Брињоне е победничка на супервелеслаломската трка во рускиот скиjачки центар Роса Кутор. Таа мина низ целта прва со време од 1:25,33 минути, за ново славје во Светскиот куп.
Втора трката ја заврши сонародничката Софија Гоџа со само 20 стотинки заостанување. Подиумот го комплетираше Јоана Хехлен, која доцнеше 0,34 секунди.

