Поранешниот тренер на Металург и актуелен хрватски селектор, Лино Червар, во интервју за хрватските весници и натаму тврди дека судиите Николов и Начевски ја оштетиле Хрватска во финалето на ЕП 2020.
„Сакам да останам во ракометот, а во него сум повеќе од 45 години. Во три држави, Хрватска, Италија и Македонија ги добив најголемите државни признанија. Македонците ми дадоа и државјанство како благодарност за сè што направив за нивниот ракомет, но ете сега ме оштетија во финалето. Ракометот е мој живот, останувам во него, но сакам да работам во своја визија. Што се однесува до тренирање, никогаш нема да кажам никогаш“, вели Червар.