За првпат, една жена ќе ја започне олимпискиот штафета со која факелот за Летните олимписки игри во Токио ќе се пренесува од држава до држава се до крајната дестинација – Токио. Грчкиот олимписки комитет објави дека олимпискиот шампион во стрелаштво – Ана Коракаки ќе биде првата дама која ќе ја понесе олимписката штафета со олимпискиот пламен. Древната церемонија ќе се одржи на 12 март. Штафетата ќе помине низ Грција во текот на една недела пред да биде предадена на организаторите на Олимпијадата во Токио на церемонија во Атина.
Author: saso
BMW не планира да се врати во Формула 1, дури и покрај претстојната промена на регулативите. Ова го изјави првиот човек на одделот за мотоспортот на компанијата Јенс Маркард. Маркард стави до знаење дека причината за оваа одлука лежи во сериозни технолошки разлики. „Сегашниот хибриден мотор V6 нема никаква врска со масовно производство на автомобили. Од гледна точка на инженерството, им симнувал капа на луѓето од Формула 1 за сработеното. Но, овие технологии немаат никаква врска со производствените автомобили“, вели тој.
Ракометарите на Вардар одиграа уште еден лош натпревар во Лигата на шампионите и тоа на гостински терен во Германија кај екипата на Кил и доживеаа убедлив пораз од 34:23. Вардар направи многу грешки и промашуваше зицери во клучните моменти, а Кил тоа знаеше добро да го казни. Домашните ракометари не дозволија Вардар да се доближи во клучните моменти и го држеа натпреварот под контрола, од првата до последната минута. Во првиот дел Кил имаше предност од 6 гола разлика, (13:7 и 15:9) , но на одмор се замина со резултат 18:14. Во второто полувреме Вардар успеа да намали на 22:19,…
Фантастичните навивачи на Борусија Дортмунд од познатата трибина „Жолт ѕид“ на „Сигнал Идуна Парк“ беа клучни во изборот на Ерлинг Халанд да потпише со клубот. Директорот на оваа екипа, Михаел Цорк откри како младиот Норвежанец бил убеден да ја прифати понудата на германскиот клуб, откако истовремено имал други предлози. „Му покажавме видео од секторот со овие наши навивачи на„ Јужната трибина“и изгледа дека тоа му се допадна“, призна Цорк во „Билд“. „Моравме да понудиме нешто исклучително, затоа што не е тајна дека другите популарни клубови дадоа се од себе за да го искористат тоа. Бев како мало дете кога разговарав…
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе пропушти околу четири недели поради повреда на мускулот. 30-годишниот Германец се повреди во натпреварот во германскиот куп против Вердер Бремен (2:3) одигран синоќа. Така, капитенот ќе го промаши домашниот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против ПСЖ, што ќе се одигра на 18 февруари. Оваа сезона, Ројс има 29 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 голови и 6 асистенции. Неговото место се очекува да го заземе Торган Азар, кој ќе игра во нападот со Ерлинг Холанд и Џејдон Санчо.
Карате федерацијата на Македонија и АМС пред настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, кое ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија од 7 до 9 февруари, денеска одржаа прес-конференција на која ги соопштија всоите очекувања. Дарко Каевски, директор на АМС и селекторите Александар Кузмановски, Арлинд Хусеини, Стојан Андриевски како и дел од натпреварувачите искажаа оптимизам за врвни резултати и нови освоени медали. „Очекувам максимално посветен настап. Мислам дека сите се на високо ниво на подготовка, немаме повреди и очекуваме максимален учинок. Ако минатата година беа две финалиња, оваа година очекувам три. Така се крева нивото на…
Ракометарите на Вардар денеска ја почнуваат втората етапа од годинешната сезона во Лигата на шампионите. Вечерва од 19 часот во Германија, „црвено-црните“ му гостуваат на Кил во меч од 11. Коло. Во обид да се направи добар резултат, „вардарци“ ќе мора да дадат се од себе и да ги надминат сите проблеми со кој се соочуваа досега. Стевче Алушовски денеска ќе го има официјалното деби на клупата на Вардар, а прв натпревар во Лигата на шампионите во „црвено-црниот“ дрес ќе има Де Толедо. Поради повреди во Скопје останаа Шишкарев и Кугис. На голманската позиција на местото од Марко Кизиќ одлучено…
Еуженио Корини повеќе не е тренер на Бреша. Клубот официјално ги објави вестите на својата клупска страница. „Бреша објавува дека го разрешува Корини од тренерското место. Клубот му се заблагодари и на него и на неговиот тим за покажаниот професионализам и посветеност“, напишаа на клупската веб-страна. За Корини, ова е втор отказ во Бреша. Медиумите во Италија споменуваат дека главен фаворит за нов тренер на тимот е Диего Лопез. Уругваецот има искуство во италијанскиот фудбал со екипите на Каљари, Болоња и Палермо.
Спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан, потврди дека првиот напаѓач на тимот Златан Ибрахимовиќ ќе биде во составот за мечот со Интер. „Можам да потврдам дека Златан ќе игра против Интер. Не ризикувавме со негово вклучување во составот за Верона, но сега тој е во ред. Но, пред сè, би сакал да ги истакнам неговите човечки квалитети. Кога Ибрахимовиќ пристигна во Милано, моментот за сите нас беше крајно деликатен. Сепак, го разбра ова, го почувствува и се однесуваше како вистински шампион. Веќе успеа да влијае на другите момци и стана вистински лидер на Милан“, вели Бобан.
Во пријателски меч одигран претпладнево во Анталија, фудбалерите на Македонија ЃП беа поразени од украински Шахтјор Доњецк со 2:0. Украинскиот тим и двата гола ги постигна во првото полувреме на мечот. Тете во 13. минута погоди за предност на славниот украински тим од 1:0, додека 44. минута Фернандо ја зголеми предноста и на 2:0. Украинскиот тим имаше многу шанси во текот на првиот дел, додека во вториот дел ѓорчепетровци одигра амногу подобро, но немаа вистинска шанса да погодок.
