Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе пропушти околу четири недели поради повреда на мускулот.
30-годишниот Германец се повреди во натпреварот во германскиот куп против Вердер Бремен (2:3) одигран синоќа. Така, капитенот ќе го промаши домашниот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против ПСЖ, што ќе се одигра на 18 февруари.
Оваа сезона, Ројс има 29 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 голови и 6 асистенции. Неговото место се очекува да го заземе Торган Азар, кој ќе игра во нападот со Ерлинг Холанд и Џејдон Санчо.

