Ракометарите на Вардар денеска ја почнуваат втората етапа од годинешната сезона во Лигата на шампионите. Вечерва од 19 часот во Германија, „црвено-црните“ му гостуваат на Кил во меч од 11. Коло. Во обид да се направи добар резултат, „вардарци“ ќе мора да дадат се од себе и да ги надминат сите проблеми со кој се соочуваа досега.
Стевче Алушовски денеска ќе го има официјалното деби на клупата на Вардар, а прв натпревар во Лигата на шампионите во „црвено-црниот“ дрес ќе има Де Толедо.
Поради повреди во Скопје останаа Шишкарев и Кугис. На голманската позиција на местото од Марко Кизиќ одлучено е да биде Васе Гогов.

