Тројца играчи од првичниот список на селекцијата на Русија, двајца од Химки и еден од Зенит, клубови кои се дел од Евролигата, нема да му бидат на располагање на селекторот Сергеј Базаревич за двата квалификациски натпревари во февруарскиот циклус на ФИБА, објавија од Руската кошаркарска федерација. Најголемиот удар за Базаревич дефинитивно ќе претставува неиграњето на најдобриот руски кошаркар во овој момент – Алексеј Швед. Швед и Вјачеслав Зајцев, исто како и Дмитриј Кхвостов, се носителите на играта на Химки, односно Зенит, два клуба кои во тој пеирод (од 20. до 23. февруари) имаат обврски кон Евролигата. Со одлука на стручниот…
Author: saso
Легендата на светскиот фудбал, Бразилецот Пеле е во многу лоша состојба. Неговиот син Едино ги потврди гласините за лошата здраствена состојба на неговиот татко. „Кралот на фудбалот“ се подложи на операција на колкот и потоа падна во депресија. „Тој е во депресија и веќе не сака ни да излезе. Во пракса, тој никогаш не ја напушта куќата. Постојат проблеми со движењето кои го доведоа до депресија. Татко ми отсекогаш бил импресивна фигура и денес не може да оди како што треба. Но, ова се проблеми кои траат долго време. Тој не може правилно да оди, се движи со помагала. Сега…
Ливерпул е подготвен да го продаде својот млад фудбалер Хари Вилсон ова лето. Фудбалерот игра како позајмен во Бурнемаут и имаше извонредна сезона, но „црвените“ се подготвени да разговараат за негова продажба доколку има заинтересиран клуб кој ќе ги плати бараните 30 милиони фунти за Вилсон. Бурнемаут најави дека е разсположен да разговара за преманентен договор со Вилсон, но ќе почека да заврши сезоната. 22-годишниот фудбалер има 22 меча во Премиер лигата оваа сезона со 7 постигнати гола.
Во Наполи сериозно размислуваат да не го продолжат договорот со Гатузо во јуни. Првиот човек на клубот Де Лаурентис бара алтернатива за тренерското место, откако не е задоволен со досегашните настапи на тимот под водство на екс-репрезентативецот. Некои медиуми наведуваат дека Наполи, под водство на Гатузо, носи помалку бодови, постигнува помалку, а прима повеќе голови отколку што тоа беше кога тимот беше под водство на Карло Анчелоти. Ако Гатузо си замине во јуни, се споменуваат три имиња како можни наследници: Иван Јуриќ, Џан Пјеро Гасперини или Лучијано Спалети.
Од Кина преку Италија, Дрис Мертенс на крајот може да зварши во Англија. Според веста која денеска ја објави весникот „Дејли Меил“, напаѓачот на Наполи е мета на неколку англиски премиерлигашки тимови – Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челзи. Сите имаат погодтвено понуди за Белгиецот, кој ова лето си заминува од Неапол. Тие ќе се обидат да го убедат да се пресели кај нив како слободен играч. Претходно беше објавено дека Мертенс за нов договор сака да добие 7,5 милиони евра годишно, сума која веројатно нема да биде проблем за премиерлигашите.
Јувентус ќе направи се што е потребно за да го убеди Пеп Гвардиола да го преземе тимот во текот на летото, тврдат англиските новинари. Вчера се појави информација дека управата на „бјанконерите“ ја сфатила грешката со назначувањето на Сари и ќе биде големо изненадување доколку тој ја заврши сезоната на клупата на „Старата Дама“. За Пеп е јасно дека неговата соработка со Манчестер Сити е пред крај, бидејќи тимот веќе ја загуби борбата за титулата. Доколку „граѓаните“ и оваа сезона не го кренат пехарот од Лигата на шампионите, ќе биде изненадување Шпанецот да остане во составот. Претседателот на Јувентус, Андреа…
Роџер Федерер го победи Рафаел Надал пред рекордна посетеност на мечот во Ј. Африка. Федерер, чија мајка Линет е родена во Јужна Африка, победи во добротворниот натпревар против Шпанскиот тенисер со 6-4, 3-6, 6-3. Мечот го гледаа рекордни 51.954 гледачи, што е најголема посетеност на еден тениски натпревар во историјаа. „Беше привилегија да се биде вечерва овде“, рече Федерер, кој пред натпреварот доби дрес на рагби репрезентацијата на Јужна Африка. „Беше апсолутно задоволство повторно да се сретнеме со Рафа. Ова е многу повеќе од само тенис и навистина се надевам дека можеме повторно да го сториме истото ова во некоја…
Челси, наводно, влегол во трка за да потпише договор со напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, објавија неколку италијански медиуми. Калчомеркато шпекулира дека „сините“ би биле подготвени да му го понудат на Интер или Емерсон Палмиери или Марко Алонсо, плус кеш, во замена за Мартинез. За Конте се знае дека е сака да го види Алонсо во својот тим, но останува да се види дали би бил подготвен да се откаже од еден од клучните играчи на Интер. Аргентинецот има клаузула за ослободување од 111 милиони евра, но важи само за клубови надвор од Италија.
Македонските каратисти вчера ги почнаа настапите на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Будмипешта. Добар настап имаше Матеј Белистојаноски кој во натпреварите во борби за кадети го освои 5. место во категоријата до 52 килограми. Белистојаноски имаше голема шанса за медал, откако пропушти две шанси. Во полуфиналето и во репасажот во борбата за бронза не успеа да слави. Белистојаноски загуби идентично со 1:0 и во полуфиналето и во репасажот за бронзата. Денеска продолжуваат борбите на шампионатот очекувајќи вести и за први освоени медали.
Диего Симеоне е најплатениот тренер во светот, објави весникот „Л’Екип“. Според изворот, платата на аргентинскиот стратег во Атлетико е 3,6 милиони евра месечно без даноци. Второто место на листата на најплатени тренери на планетата е Хосеп Гвардиола. Менаџерот на Манчестер Сити, заработува 1,94 милиони евра месечно. Третото место го делат Јирген Клоп (Ливерпул) и Жозе Мурињо (Тотенхем). Секој од нив добива 1,46 милиони евра месечно.
