Author: saso

Барселона има намера да ја прекине соработката со „ПР“ компанијата која го поддржуваше претседателот на клубот, Хосеп Марија Бартомеу, а ги критикуваше фудбалерите на тимот на социјалните мрежи, пренесува Мундо Депортиво. Според изворот, каталонскиот клуб решил да се откаже од услугите на компанијата која за главна задача имаше одбрана на угледот на Бартомеу и управниот одбор на клубот на социјалните мрежи, а за возврат не штедела критики кон играчите на сегашниот тим.

Read More

Херој на вечерта во Дортмунд, повторно беше Ерлинг Халанд. Во новата блескава вечер, Норвежанецот постигна два гол и ја обезбеди победата над ПСЖ од 2:1. „Многу сум горд што ја добив наградата за најдобар играч на мечот, ама јас можам уште подобро. Вечерва добро одиграв, но знам дека морам да бидам уште подобар, па работам напорно за да напредувам. Овој резултат е доста опасен, зашто ПСЖ е многу силен тим. Сепак, мислам дека можеме да поминеме во вториот меч“, вели Халанд.

Read More

Јирген Клоп и неговите момци после две години повторно одиграа натпревар во ЛШ во кој не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол. Сега на патот им застана Атлетико. По средбата Германецот со свој коментар за она што се случуваше на дуелот. „Ова не го очекував, но се случи тоа што се случи и нема бегање. Иако изгубивме, сепак, ми се допаднаа некои сегменти од нашата игра. Резултатот се уште е отворен и имаме шанса да поминеме понатаму. Реваншот го играме на свој терен. Противникот добро ја постави својата игра. Кога требаше да нападнеме и да дадеме гол не успеавме.…

Read More

Македонскиот борач со изборена олимписка норма за Токио, Могамедгаџи Нуров не успеа да ја мине и втората репасажна борба на ЕП во Рим во категоријата до 97 килограми и со тоа да се избори за меч за бронзениот медал. Утрово Нуров доби шанса низ репасажот да се бори за медал, затоа што неговиот вчерашен противник во квалификациите Русинот Садулаев веќе е во финалето и ќе се бори за златниот медал. Во првиот дуел од репасажот со Турчинот Болукбаши, нашиот борач избори победа од 7:0, но во вториот дуел со Гаџиев од Азербејџан загуби со 7:4 и не успеа да дојде…

Read More

Манчестер Сити вчера заработи тешка казна од УЕФА со исклучување од европските клупски турнири во следните две години, поради повреда на финансискиот фер-плеј. Според авторитетниот „Индипендент“, во Англија, „граѓаните“ исто така можат да се соочат со остра казна, па дури и да бидат отфрлени во Лига 2 натпреварувањето. Англискиот клуб пријавил поголем приход од спонзорства на своите сметки за периодот од 2012-2016 година. Сега ФА треба да ја разгледа ситуацијата со содејство со УЕФА, па може да се очекува реакција и од Англиската асоцијација, тврди весникот.

Read More
NBA

Тимот на САД го победи тимот на Светот со 151:131 во дуелот меѓу дебитантите и играчите со една година стаж во НБА лигата, на отворањето на 69. издание на Ол-стар викендот, кој се одржува во Чикаго. Како и што се очекуваше, ѕвезда на вечерта беше првиот пик на драфтот, Зион Вилијамсон. Најефикасен во тимот на САД беше Ерик Пашал со 23 поени, додека во редовите на Светот, Канаѓаните Р.J. Барет со 27 и Брендон Кларк со 22 поени беа први стрелци, додека Лука Дончиќ постигна скромни 16 поени.

Read More

Поранешниот напаѓач на Бразил и еден од најдобрите во историјата на фудбалот, Пеле ги отфрли шпекулациите дека е депресивен и ги увери своите фанови дека добро напредува. Синот на Пеле, Едињо за весникот „Глобо“ рече дека трикратниот освојувач на Светскиот куп е депресивен и не сака да ја напушти својата куќа затоа што не е во можност да се движи добро по операцијата за замена на колкот. „Јас сум во ред. Продолжувам да ги прифаќам моите физички ограничувања на најдобар можен начин. Имам добри и лоши денови. Ова е нормално за луѓето на моја возраст. Не се плашам, решен сум,…

Read More

Во исклучително тешка ситуација, ракометарите на Вардар денеска во својата сала го пречекуваат Мотор во новото коло од Лигата на шампионите. Егзодусот на играчи кои го почнаа Кристопанс и Атман, веројатно ќе продолжи и на крајот на сезоната, но во моментов Алушовски со она што го има на располагање ќе го нападне украинскиот тим, кој исто така во Скопје доаѓа со играчки проблеми. Мотор вчера остана без двајца ракометари кои заминаа во руски Спартак, па и кај нив ситуацијата не е розова. Проблемите на противникот се добра можност Вардар конечно да ја прекине серијата слаби резултати во ЛШ и да…

Read More

Двајца македонски борачи, Могамедгаџи Нуров и Фати Вејсели, денеска излегуваат на душекот на Европското првенство во борење слободен стил кое се одржува во Рим, Италија. Во категоријата до 97 килограми, Нуров кој освои норма за Олимписките игри во Токио ќе мора да тргне од квалификациите и тоа против големиот фаворит, Русинот Абдулрашид Садулаев, со кого се бореше и на Светското првенство кога го освои бронзениот медал. Денеска својот прв настап ќе го има и Фати Вејсели. Тој тргнува од осминафиналето во категоријата до 70 килограми каде за противник ќе го има Магомедмурад Гаџиев од Полска.

Read More

Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, а шпекулациите за летниот атак кон него кој го подготвува „кралскиот клуб3 од ден на ден стануваат се побројни. Според аргентински извори, Реал размислува за Лаутаро како наследник на Карим Бензема, кој иако игра одлично оваа сезона, веќе има 33 години и природно е дека нема да може да издржи да игра на три фронта следната сезона. Мартинез игра фантастично оваа сезона, постигнувајќи 16 голови на 28 натпревари, а покрај Мадрид, за него се интересира и Барселона. Во Аргентина веќе се шпекулира дека Реал е подготвен во јуни да…

Read More