Манчестер Сити вчера заработи тешка казна од УЕФА со исклучување од европските клупски турнири во следните две години, поради повреда на финансискиот фер-плеј. Според авторитетниот „Индипендент“, во Англија, „граѓаните“ исто така можат да се соочат со остра казна, па дури и да бидат отфрлени во Лига 2 натпреварувањето.
Англискиот клуб пријавил поголем приход од спонзорства на своите сметки за периодот од 2012-2016 година. Сега ФА треба да ја разгледа ситуацијата со содејство со УЕФА, па може да се очекува реакција и од Англиската асоцијација, тврди весникот.