Author: saso

Македонската кошаркарска репрезентација со денешниот прв меч против Естонија (20.15 ч.), во СЦ „Борис Трајковски“, во Скопје, ги почнува квалификациите за пласман на Евробаскетот 2021. По сите проблеми со вирусот и повредите, селекторот Александар Тодоров е оптимист и најави битка за првата победа. Естонија е противник против кој во последниот квалификациски циклус пред две и пол години бевме двапати поразени. Денешниот дуел е шанса за одмазда. Влезницата за мечот со Естонија чини 100 денари, а сите средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели, информира КФМ. За сите оние кои не можат да дојдат и да ја бодрат нашата репрезентација, Спортското…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација остана на 68. место на новата ФИФА листа. На еден месец пред дуелот со Косово во полуфиналните дуели од Лигата на Нации, избраниците на Игор Ангеловски кои во изминатиов период немаа настапи, останаа и со истото бодовно салдо – 1347 бода. Косово на февруарската листа на ФИФА се наоѓа на 115. место со 1174 бода. На февруарското рангирање нема промени во ТОП 10 листата. Таму на врвот и натаму е Белгија, пред Франција и Бразил.

Read More

Заменик-капитенот на Севиља, Даниел Карико, го комплетираше својот трансфер вп кинескиот суперлигаш Вухан Зал, потврдија од клубот . Централниот дефанзивец чиј договор завршуваше ова лето, имаше предлог да остане во Андалузија, но од финансиски причини решил да ја прифати кинеската понуда. Карико оваа сезона одигра 12 натпревари во првиот тим и е фудбалер со најдолг стаж во составот на клубот.

Read More

Лигата на Европа денеска ќе ни ги донесе првите мечеви од 1/16-финалето на ова УЕФА натпреварување. Фаворитите за освојување на трофејот нема да имаат лесна задача во оваа фаза од турнирот. Манчестер јунајтед ќе го започне својот марш до финалето со меч на гости кај силниот Бриж. Друг важен кандидат за трофеј, Арсенал ќе гостува во Грција кај Олимпијакос. Холандскиот шампион Ајакс ќе гостува кај фантастичниот состав од шпанската Ла Лига, Хетафе, додека Рома пред своја публика ќе го пречека белгиски Гент.

Read More

Шампионот во Формула 1 од 2016, денеска пензионираниот пилот Нико Розберг, вели дека Макс Верстапен од тимот на Ред Бул е моментно најбрзиот возач во Ф1 шампионатот. Верстапен во сезоната 2019-та за првпат во својата кариера го завзема третото место во генералниот пласман зад Луис Хамилтон и Валтери Ботас. „Верстапен е феноменален. Секогаш е задоволство да го гледам. Трките без него не се интересни. Тој е еден од најголемите таленти и веројатно најбрзиот пилот во Ф1“, тврди Розберг. Според Германецот, ако Ред Бул оваа сезона го подобрил болидот на потребното ниво, Верстапен може да се обиде да се бори и…

Read More

Алберт Селадес, тренерот на Валенсија, смета дека неговиот тим не го кажал својот последен збор на двобојот со Аталанта во Лигата на шампионите и покрај огромниот пораз од 4:1 на мечот во Милано. „Резултатот ги комплицира работите за нас. 1:4 не звучи добро. Разликата е во тоа што Аталанта ги искористи сите свои ситуации, а ние не. Се обидовме да се прилагодиме на ситуацијата и на моменти игравме добро. Бевме опасни во нападот и тоа ни дава надеж за реваншот“, смета Селадес.

Read More

Тренерот на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман ги пофали своите играчи за победата од 1:0 над Тотенхем во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Германскиот тим успеа со гол од пенал на Тимо Вернер да дојде до голема гостинска победа. „Стадионот на Тотенхем е импресивен. Во првите 10 минути навивачите беа многу бучни. Драго ми е што учествувавме во еден ваков натпревар. И јас сум уште позадоволен што победивме“, рече Нагелсман. „Ветувам дека ќе играме офанзивно и во вториот натпревар. Лаимер има проблеми со левата рака, но ќе видиме како ќе се чувствува во наредните денови“, додаде менаџерот на германскиот…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација завршува со подготовките за квалификациите за пласман на ЕП 2021 година. Утре (20:15 часот) против Естонија во СЦ „Борис Трајковски“ ја почнуваме битката за враќање на европската карта. На прес-конференцијата пред мечот, селекторот Тодоров, истакна дека малку го плашат повредите и вирусот со кои се соочува во последните два дена. „Она што можам да истакнам од последниот пат е дека одработивме еден циклус, до овој момент имаме осум тренинзи и еден пријателски меч. Она што ме прави задоволен е што брзо се комплетиравме. Она што ме прави пак малку незадоволен се проблемите по дуелот со Гостивар. Неколку…

Read More

Ф1 тимот Алфа Ромео го промовираше својот нов болид во познатата бело-црвена боја со кој ќе се натпреварува во новата сезона. Моделот C39 најпрво се појави на „Денот на вљубените за филмски тест, а потоа тематски беше обоен во сива боја, која личи на змиска кожа, додека логото беше во форма на срце. На помалку од еден час пред да започнат официјалните зимски тестови, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци го покажаа нивниот нов фаворит. Дизајнот на болидот е скоро непроменет од минатата година, вклучено е само логото на новиот спонзор Орлен.

Read More

По последните скандали меѓу sвездите на Барселона и клупските шефови почнаа гласини за заминување на капитенот Лионел Меси. Американски Лос Анџелес Галакси веќе сериозно размислува да достави добра понуда до агентот на Меси. Раководството на американскиот клуб го контактирал таткото на 32-годишниот капитен на „блауграна“, но нема информација за конкретната финансиска понуда. Галакси има слободни финансии откако тимот го напушти Златан Ибрахимовиќ на крајот на 2019 година, па нема да му биде проблем да ги реинвестира во мега-ѕвездата на светскиот фудбал.

Read More