Author: saso

Челзи повторно се соочува со проблеми. Менаџерот на тимот Френк Лампард, во пресрет на гостувањето кај Бурнмаут, потврди дека напаѓачот Тами Абрахам ја обновил повредата на скочниот зглоб. „Се трудиме да пронајдеме решение, очигледно е дека сето ова е фрустрирачко, тој само што се врати од повредата, а повторно се здоби со истата“, изјави Лампард. Абрахам нема да биде во комбинација во наредните неколку дена, се додека лекарите не потврдат дека е подготвен да се врати на тренинзи.

Read More

Две супер-интересни пресметки на италијански и шпански престваници ќе гледаме во осминафиналето на ЛЕ. Еден од најголемите фаворити за освојување на титулата во Лигата на Европа на УЕФА оваа сезона, англиски Манчестер Јунајтед, пак доби посакуван ривал во осминафиналето, по денешната ждрепка во Нион. „Црвените ѓаволи“ во двомечот за четврфинале ќе се сретнат со австриски ЛАСК, а првиот меч ќе го одиграат на гостински терен. Најинтересниот дуел од оваа фаза во второто по ранг европско натпреварување ќе биде меѓу Севиља и Рома. Вториот италијански преставник Интер на патот до четврфиналето за ривал ја има екипата на Хетафе во второто шпанско-италијанско…

Read More

Македонија ја доби организацијата на женското Светско ракометно првенство во јуниорска конкуренција кое ќе се одржи во 2024 година. Ова е одлука на Светската федерација (ИХФ), која денеска ги објави државите кои ќе бидат организатори на настаните во следните години. ИФХ одреди машкото Светско првенство во 2025 година да се игра во три држави, Хрватска, Данска и Норвешка, а женското во Германија и Холандија. Домаќин на машкото Светско првенство во 2027 година стана Германија, а во женска конкуренција ќе се игра во Унгарија.

Read More

Женската фудбалска репрезентација на Македонија на 1 март во пресрет на квалификацискиот натпревар на гости со Србија, кој ќе се одигра на 6 март, зкажа прв собир во Скопје. Селекторот Изов вели дека не чека тежок дуел, но тимот е мотивиран за добар настап. „После неколкумесечната пауза без квалификациски натпревари, нѐ очекува натпревар на гостински терен против најдобрата репрезентација на Србија. Добро го познаваме противникот, анализирани се грешките од октомврискиот дуел во Скопје и сите сме силно мотивирани да одиграме многу подобар натпревар во Лазаревац. Иако не сме комплетни – поради повреди Ели Јаковска и Маја Ангеловска нема да можат…

Read More

Битолчани вчера собраа 60.000 денари, откупувајќи ги на аукција дресовите на ракометарите на Еурофарм Пелистер како дел од донаторската акција на Ротаракт клубот Битола со несебична поддршка на битолските компании SN брокер, ЈК травел и SN финансии кои го поддржаа овој настан. Одличен спој на поддршка на битолскиот спорт и пример за хуманоста кон оние на кои им е потребна поддршка. Присутните активно учествуваа во наддавањето, при што за различни вредности беа откупени понудените клубски дресови на битолските ракометари со нивни автограми. Во публиката беа и ракометарите кои за прв пат присуствуваа на ваков настан и со радост најавија и…

Read More

Промоторот Еди Херн потврди дека закажаната борба меѓу Кубрат Пулев и Ентони Џошуа ќе се одржи во предвидениот термин. Шампионот во тешка категорија во верзиите на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО Ентони Џошуа го очекува борба со Пулев на 20 јуни на стадионот на Тотенхем во Лондон. Сепак, договор меѓу двете страни сè уште не е потпишан, што предизвикува шпекулации во последниве денови дека Харн се обидува повторно да ја откаже борбата со Бугаринот, а да се префрли кон организација на пектакл со Тајсон Фјури.

Read More

Германскиот шампион Баерн (М) на својата официјална веб-страница објави почеток на партнерство со меѓународната технолошка компанија „Гугл“. „Како водечки технолошки бренд, Гугл постојано иновира и создава нови производи за постојано менување на пазарот, слично на длабоко вкоренетите вредности на нашиот клуб“, рече Рудолф Видал, претседател на германскиоит гигант. „Задоволни сме што ја направивме оваа соработка за време на одбележувањето на нашата 120-годишнина и очекуваме плодна соработка“, дополнил тој. Како дел од партнерството, Гугл започнува кампања посветена на 120-годишнината на клубот, каде навивачите на Баерн можат да гласаат за најемотивниот момент во историјата на клубот со помош на пребарувањата на Гугл.

Read More

Англискиот голман од екипата на Ливерпул, Алисон Бекер, ја освои наградата „Самба Голд“ која традиционално се доделува на најдобриот бразилски фудбалер кој настапува во Европа. Алисон беше свесен за наградата уште на почетокот на годината, но интернет порталот „Самба фут“, конечно, успеа да најде време и официјално да му ја врачи. 27-годишниот голман ја доби награда во тренинг базата на клубот од Мерсисајд. Фудбалерот на Ливерпул освои 35,54% од гласовите и стана првиот голман што ја добил оваа награда. Второто место во гласањето го зазеде неговиот клупски колега од Ливерпул, Роберто Фирмино (23,48%). Трет беше капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва…

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изјави дека е презадоволен од настапот на неговите момци на синоќешниот реванш меч од Лигата на Европа, победата од 5:0 над Бриж и пласманот во соминафиналето. „Она што најмногу ме радуваше беше фудбалот што Манчестер Јунајтед го одигра и кој наликуваше на оној Манчестер кој сите го познаваат. Започнавме добро, игравме со добро темпо и постигнавме неколку одлични голови. Игало даде добар пример за тоа што да очекувам од него. Ако денес го немаше Игало, Гринвуд ќе мораше да игра, а во недела го имаме следниот меч, а потоа играчот ќе беше уморен.…

Read More

Јубилејниот 15-ти роденден на вашето Спортско радио 90.3 фм беше прославен во понеделникот во еден од скопските локали со присуство на бројни пријатели, соработници, спортисти, спортски работници… Голем дел од оние кои беа и се дел од оваа 15-годишнина на единственото Спортско радио беа заедно со нас, да прославиме за нашето долгогодишно присуство во етерот. Им благодариме на сите што дојдоа, што се со нас и што не поддржуваат уште од почетоците на оваа фреквенција.

Read More