По одложувањето на мечот меѓу Јувентус и Милан, денеска Италијанската федерација го одложи и утрешниот полуфинален меч од Купот на Италија меѓу Наполи и Интер. И двата меча се откажами поради силниот пораст на смртните случаи од коронавирусот во облостите во Италија во последните неколку дена. Префектот од регионот на Кампања, Марко Валентини, утрово донесе одлука да го стопира одигрувањето на мечот. Во оваа фаза не е познато кога ќе се играат двете полуфиналиња.
Author: saso
По вчерашната ждрепка за новото издание на УЕФА Лигата на Нации, Македонија денеска го има и комплетниот распоред на натпреварите во групата во сегментот „Ц“. Како што е познато, нашата фудбалска репрезентација за ривали ги доби Ерменија, Грузија и Естонија. Премиерата ќе ја имаме на 5 септември и тоа на домашен терен против Ерменија, со која и завршуваме во групните натпревари на 16 ноември оваа година. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ 05.09.2020 – МАКЕДОНИЈА –ЕРМЕНИЈА (15:00 Ч) 08.09.2020 – ГРУЗИЈА –МАКЕДОНИЈА (18:00 Ч) 08.10.2020 – ЕСТОНИЈА –МАКЕДОНИЈА (20:45 Ч) 11.10.2020 – МАКЕДОНИЈА –ГРУЗИЈА (18:00 Ч) 13.11.2020 – МАКЕДОНИЈА –ЕСТОНИЈА (20:45 Ч) 16.11.2020…
Манчестер Јунајтед внимателно го следи развојот на дефанзивецот на Стоук Сити, Натан Колинс. Скаутите на клубот веќе неколку пати ги следеле настапите на 18-годишниот талент, кој остави прилично добар впечаток и веќе е на трансфер-листата на Оле Гунар Солскјер за летниот трансфер период. Колинс се смета за една од најперспективните играчки на Островот. Досега оваа сезона тој има одиграно 12 натпревари за првиот тим на „грнчарите“ и има договор со клубот до 2024 година.
Менаџерот на Челси, Франк Лампард, беше навистина горд на победата на неговиот тим од 2-0 над Ливерпул во ФА Купот. Тој зборувае во суперлативи за своите играчи и за нивниот настап во овој натпревар. Според него, ова е посебна победа и тој е навистина горд. „Јас сум многу горд бидејќи Ливерпул е најдобриот тим во Англија. Тие и Манчестер Сити го докажаа ова последниве години. Но, она што го прават Ливерпул оваа сезона е неверојатно. Да се покаже ваква игра, фокус, решеност, е нешто посебно. Знаеме дека имаме уште многу работа и треба да направиме долг пат да одиме таму…
Атлетико Мадрид не се откажал од идејата да го ангажира играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез. „Јорганџиите“ се интересираа за Колумбиецот во текот на летото, но тогаш Реал реши да го задржи. Оваа сезона, сепак, тој ретко е во изборот на Зинедин Зидан и скоро сигурно ќе побара трансфер. „Минатото лето дека Атлетико сакаше да го купи Хамес Родригез. Сепак, трансферот беше запрен затоа што Атлетико премногу често почнаа да го победуваат Реал Мадрид, а по продажбата на Маркос Љоренте, „кралевите“ не сакаа дополнително да го засилат градскиот ривал. Сепак, Атлетико сега планира да направи уште еден…
Француски Олимпик Марсеј е заинтересиран да го врати напаѓачот Мичу Батшуај од Челзи во своите редови. Во моментов, Белгиецот има статус на резерва на „ Стемфорд Бриџ“, а лондончани се подготвени да го стават на трансфер листа за добра понуда. Покрај тоа, договорот на играчот истекува за 18 месеци, па најдобрата опција за лондонскиот тм е да го продаде во текот на летото, додека се уште има добри шанси да добие некој милион за него. Марсеј е подготвен да ја искористи ситуацијата и во јуни да се обиде да постигне договор со Батшуај за трансфер на „Велодром“.
По ждрепката во Амстердам, своја изјава за новата група во Лигата на нации даде и селекторот Игор Ангеловски. “Најискрено во овој момент сите мисли и целата концентрација ни е насочена кон натпреварот со Косово. Но, бидејќи веќе ги добивме противниците за новото издание од Лига на нации, согласно нашиот квалитет и прикажаните игри и резултати во изминатиот период, целта на Македонија ќе биде борба за првото место. Во минатите квалификации многупати покажавме дека рамноправно се носиме со било кој противник, а така ќе биде и овој пат. Одиме да го освоиме првото место во групата”, вели Ангеловски. За квалитетот на…
Попладнево во Амстердам со ждрепка беа одредени сите групи за второто издание на Лигата на нации. Во најквалитетниот А-сегмент најинтересно се чини ќе биде во групата „3“ каде се најдоа Португалија, Франција, Шведска и Хрватска. Шпанија и Германија пак се најдоа во групата „4’ каде друштво им прават и Украина и Швајцарија. Во Б-сегментот, Србија е во група со Русија, Турција и Унгарија, додека Бугарија се најде во друштво на Финска, Велс, и Р. Ирска. 📝 Sorteggi #NationsLeague – Il quadro completo pic.twitter.com/slobGqRp9H — Affari Di Calcio (@AffariDiCalcio) March 3, 2020
Македонската фудбалска репрезентација се најде во силна група во второто издание на Лигата на Нации. На денешната ждрепка во Амстердам, Македонија беше извлечена во групата „3“ од Ц-сегментот во ова репрезентативно натпреварување, во која заедно со нас се и селекциите на Грузија, Естонија и Ерменија. Ова ќе биде второ издание на ова натпреварување, откако по првото македонскиот нацинален тим во Групата „Д“ го освои првото место во група со Гибралтар, Лихтенштајн и Ерменија.
Македонскиот каратист Емил Павлов го освои златниот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салцбург во категоријата до 60 килограми. Откако успеа да ги мине сите пречки до финалето, денеска Павлов во финалната борба го совлада Анџело Кресченцо од Италија со 5-4. Ова е прв медал на нашиот најдобар каратист во Премиер лигата оваа година. Тој претходно настапи и во Дубаи, но го пропушти турнирот во Париз поради повреда. Павлов лани златен медал во Премиер лигата освои на турнирот во Москва.
